Целосно затемнување на Месечината на 16 мај

Целосното затемнување на Месечината доаѓа на 16 мај. Феноменот се јавува кога Сонцето, Земјата и Месечината се наредени речиси во права линија.

Тогаш сенката на нашата планета ја покрива видливата страна на нашиот природен сателит.

Од Македонија ќе можеме да го набљудуваме почетокот на затемнувањето – рано наутро.

Според Институтот за астрономија при академија на науките, феноменот ќе биде видлив за набљудувачите во Западна Европа, Централна и Западна Африка.

Луѓето во Северна Америка исто така можат да го видат, но во раните часови по изгрејсонцето.

Затемнувањето најпогодно ќе се следи од Атлантикот, Јужна Америка, Југоисточниот Пацифик и Антарктикот.

Поддржете ја нашата работа: