Што е нуклеарна енергија и кој си игра со Казахстан?

Нуклеарната енергија е позната и како атомска енергија. Се добива со нуклеарни реакции, односно станува збор за енергија што се создава во самиот атом. Во секој атом има два типа на честички наречени неутрони и протони, како и електрони кои постојано се движат околу нив, обезбедувајќи баланс помеѓу позитивниот и негативниот полнеж. За да генерирате електрична енергија од енергијата на атомот, најпрвин мора да ја ослободите од атомското јадро. Ова може да се направи со нуклеарна фузија или нуклеарна фисија. Односно, соединување или разделба на атомското јадро. Нуклеарната фисија се користи во нуклеарните централи како процес на производство на електрична енергија.

Оваа енергија не е корисна само за производство на електрична енергија, туку има и други области како што се медицината, индустријата или оружјето, за кои нуклеарната енергија е многу важна суровина.

Количината на енергија што може да се добие со овие процеси е многу поголема од која било друга.

Може да се каже дека во оваа област, мала количина е способна да обезбеди многу енергија. Да се ​​даде пример и подобро да се разбере, количината на енергија што може да ја произведе килограм ураниум е еднаква на онаа што би произвела 200 тони јаглен.

Како што можете да видите, разликата помеѓу производството на електрична енергија е импресивна. Ова ја прави една од најевтините енергии, но со одредени ризици кои мора да се земат предвид.

Веќе не е опасен само отпадот што ја загадува водата и земјиштето. Ако во сопствениот двор имате скапоцена суровина (Ураниум) ништо не треба да ве изненади…

Кој си игра со Казахстан?

Што се крие зад граѓанската непослушност и нередите во Казахстан? Зошто одеднаш на згрозување на целата светска јавност се случува крвопролевање по улиците на државата која беше синоним за социјален мир, балансиран спој на тоталитарна власт и пазарна економија базирана на енергенсите…Зошто Русија и САД веднаш заземаа спротивставени страни за состојбата во Казахстан?

Веќе е очигледно дека некој удира врз најефикасното гориво – нуклеарното и тоа во време кога беснее светска криза во снабдувањето со нафта, природен гас, јаглен и струја.

Казахстан е светски енергетски џин! Гасот и нафтата се само предигра, иако ги има во изобилство. Казахстанската државна рударска компанија „Казатом пром“ годишно произведува нуклеарно гориво кое задоволува до 25% од потребите на сите нуклеарни централи и постројки на светот!!! Кризата во Казахстан може да ја направи најголемата нуклеарна катастрофа на планетата земја! Како?

Ако падне најголемиот доставач на ураниум на светскиот пазар цените на сите енергенси ќе се вивнат во небо, а директен удар ќе доживеат и богатите нации кои добиваат електрична енергија од нивните нуклеарни централи… (знаете ли дека на пример само Њујорк со струја го хранат 5 нуклеарни централи?)

Дали државниот удар во Казахстан во суштина веројатно е борба за компанијата што држи најголеми резерви ураниум на свет, четвртина од светскиот пазар на нуклеарно гориво и годишно носи прилив поголем од една милијарда долари (според последните берзански цени од 100.000 долари за тон ураниум)???

Поддржете ја нашата работа: