10 интересни факти за дарувањето на крв

Во свет каде што речиси се може да се произведе, реконструира и редизајнира, научниците се’ уште не можат да направат вештачка крв, што значи дека луѓето кои имаат потреба од трансфузија на крв мора целосно да се потпрат на дарувањето. За жал, дарувањата не биле во можност да ја задоволат огромната потреба.

Прочитајте некои интересни и алармантни факти за дарувањето на крв, кои можеби ќе ве натераат и самите да го направите тоа.

1. Дарувањето на крв е добро за вашето здравје

Протокот и волуменот на крвта се неопходни за срцето да чука. Сепак, иако може да звучи контрадикторно, редовното дарување на крв може всушност да го подобри здравјето на срцето, а не да го изложи на ризик. Редовното дарување може да помогне за намалување на густината и лепливоста на вашата крв, со што таа полесно ќе тече низ крвните садови и побрзо ќе стигне до срцето.

2. Дарувањето на крв го намалува ризикот од рак

Дарувањето на крв може да го намали ризикот за развој на рак кај донаторот. Железото, еден од главните минерали во крвта, е познат по зголемувањето на износот на штетата од слободните радикали во телото. Сепак, едно истражување од 2008 година покажало дека дарувањето помага во намалување на резервите на железо, а со тоа и намалување на индивидуалниот ризик за рак.

3. Може да го оправда прескокнувањето на тренингот

Доколку спасувањето на другите и подобрувањето на сопственото здравје не е доволно за да ве натера да дарувате крв, можеби ќе ве натераат предностите за губење на тежината. Според „LiveStrong“ може да согорите 650 калории при дарување на околу 500 милилитри крв, што е повеќе од она што ќе го согорите за време на 30-минутно трчање.

side_blood_bags

4. Еден човек спасил 2 милиони бебиња со својата ретка крв

Иако се проценува дека еден просечен човек може да спаси околу 1.000 животи во текот на животот со дарување на крв, Џејмс Харисон бил во можност да спаси околу 2 милиони поради неговата ретка крвна група, која содржела високи нивоа на антитела позната како „anti-D immunoglobulin“, која се користела специфично за да им се помогне на бебињата со состојба позната како Резуз – фактор. На кратко, имунолошкиот систем на мајките кои носат бебе со Резус-факторот го напаѓа фетусот. Меѓутоа, трансфузија од крвта на Харисон може да го спречи таквиот напад.

5. Може да се користи кокосова вода како замена во итни случаи

Според „ABC Science“ во итен случај медицинските професионалци може да ја искористат кокосовата вода како замена за плазмата. Иако двете се далеку од идентични, кокосовата вода има околу една четвртина од нивото на натриум во плазмата, додека нивото на калиум е за 10-15 пати повисоко. Во случај кога нема интравенозна терапија на располагање за дехидриран пациент, пиењето на кокосова вода е корисно.

6. Најмногу крв оди за пациентите заболени од рак

Само 2 проценти од дарувањата на крв одат за пациентите со трауми, најмногу крв всушност примаат пациентите заболени од рак.

7. Недостаток на крв има најмногу за време на летните одмори

Секој е малку повеќе зафатен за време на одморот, па тоа се одразува и кај дарувањето на крв. Според банката за крв на северо-западна Пенсилванија и западен Њујорк, недостаток на крв има најмногу за време на летните и зимските одмори.

donate-blood

8. Во САД е потребна крв на секои 2 секунди

Тешко е да се замисли само колку е важно крводарувањето, па според Американскиот Црвен Крст во САД е потребна крв за некој на секои 2 секунди. Покрај пациентите со рак и трауми, дарувањата се користат исто така и за операции, акушерство и за пациенти со одредено крвно нарушување.

9. Најпотребната крв е од типот нулта позитив

И покрај тоа што сите типови на крв се потребни и прифатливи, најпотребна од сите е нулта позитив, бидејќи е најчестиот тип на крв и најмногу се трансфузира.

10. Само 10 проценти од населението во САД дарува крв

Според Центарот за крв во Њујорк, секој кој има 17 години, тежи најмалку 50кг и е во добра здравствена состојба ги исполнува условите за дарување на крв, но дури помалку од 10 проценти од населението го прави тоа.

Поддржете ја нашата работа: