10 најстари јазици во светот кои сè уште се зборуваат

ПредходнаСледно

11 1.Хебрејски

Хебрејскиот јазик престанал секојдневно да се употребува околу 400-тата година од наша ера и останал како литургиски јазик за Евреите од целиот свет. Но, со порастот на ционизмот во 19-тиот и 20-тиот век, хебрејскиот јазик повторно оживеа и стана официјален јазик на Израел. Модерниот хебрејски бил под големо влијание на друг еврејски јазик – јидиш и се разликува од библиската верзија, оние лица на кои хебрејскиот јазик им е мајчин можат целосно да го разберат она што е напишано во Стариот Завет.

1. 1.Хебрејски

22 2.Тамилски јазик

Тамилскиот јазик, којшто го зборуваат околу 78 милиони луѓе и е признат како официјален јазик на Индија, Шри Ланка и Сингапур, е единствениот класичен јазик којшто преживеал се до модерниот свет. Претставува дел од фамилијата на дравидски јазици, којашто вклучува повеќе јазици од  јужниот и источниот дел на Индија. Истражувачите откриле натписи од Тамилскиот јазик кои датираат од 3-тиот век пр.н.е. и оттогаш е во постојана употреба. За разлика од санскритот, уште еден древен индијски јазик кој излегол од употреба околу 600-тата г.пр.н.е. и станал претежно литургиски јазик, тамилскиот продолжил да се развива и сега е 20-тиот најчесто зборуван јазик во светот.

2. 2.Тамилски јазик

33 3.Литвански јазик

Јазичната фамилија на којашто припаѓаат повеќето европски јазици е индоевропската, но тие првично започнале да се делат во 3500 г.пр.н.е. Се развиле во десетици други јазици како што е германскиот, италијанскиот и англискиот, постепено губејќи ги заедничките карактеристики. Сепак, еден јазик од Балтичката јазична гранка на индоевропската фамилија ги задржал карактеристиките  на она што лингвистите го нарекуваат прото-индо-европски (ПИЕ) којшто е јазик што претпоставуваат дека се зборувал околу 3500-тата г.пр.н.е. Литванскиот јазик задржал повеќе звучни и граматички правила од ПИЕ отколку кој било друг сроден јазик, и затоа може да се нарече еден од најстарите јазици во светот.

3. 3.Литвански јазик

44 4.Фарси

Во случај да не сте слушнале за фарси, тоа е јазикот што го зборуваат во денешен Иран, Авганистан и Таџикистан. Најверојатно сте слушнале за персискиот јазик, тие се всушност истиот јазик, под друго име. Фарси е директен потомок на стариот персиски јазик, кој бил јазикот на Персиската Империја. Модерниот персиски јазик се формирал околу 800 г.пр.н.е. и она што го прави различен од повеќето модерни јазици е тоа што се променил многу малку оттогаш. Оние коишто зборуваат персиски денес, можат да земат натпис од 900-тата г.пр.н.е. и да го прочитаат со значително помала тешкотија отколку оние што зборуваат англиски би можеле да го прочитаат, да речеме, Шекспир.

4. 4.Фарси

55 5.Исландски јазик

Исландскиот јазик е уште еден индоевропски јазик, но овојпат од северната група на германски јазици (како за споредба, англискиот јазик исто така спаѓа во германската група на јазици, но во западната гранка). Многу од германските јазици се преконструирале и ги изгубиле некои од карактеристиките што другите индоевропски јазици ги имаат (најверојатно не сте слушнале за некој случај, освен доколку не сте учеле латински или словенски јазик), но, Исландскиот јазик се развивал поконзервативно и задржал голем дел од тие карактеристики. Данското управување на државата од 14 до 20 век имало многу мал ефект на јазикот, така што останал главно непроменет откога Нордиските доселеници го донеле кога дошле на таа земја, па оние кои зборуваат исландски можат многу лесно да ги читаат сагите напишани пред многу векови.

5. 5.Исландски јазик

66 6.Македонски јазик

Словенската група на јазици, којашто ги вклучува рускиот, полскиот ,чешкиот и хрватскиот јазик, е релативно млада група кога се во прашање јазиците. Тие започнале со поделба од нивниот заеднички предок, општословенски (или прото-словенски) кога Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот создавајќи го оној што сега се нарекува старословенски и притоа создале азбука за него. Потоа започнале да го шират јазикот на север во 9-тиот век кога ги христијанизирале Словените. Тие дошле од територијата на денешна Македонија, и македонскиот (заедно со неговиот многу близок јазик-бугарскиот) е јазикот којшто денес е најтесно поврзан со старословенскиот.

Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора.

Според најновите истражувања во македонскиот јазик има голем број зборови и од античкиот македонски јазик за кој модерната наука се’ уште нема доволно податоци, а неговата старост се проценува дека е со илјадници години.

6. 6.Македонски јазик

77 7.Баскиски јазик

Баскискиот јазик е голема лингвистичка мистерија. Го зборуваат некои од баскиските луѓе кои живеат во Шпанија и Франција, но е целосно неповрзан со кој било романски јазик (во кој спаѓаат шпанскиот и францускиот) или воопшто кој било друг јазик во светот. Во текот на децениите лингвистите давале претпоставки за тоа со кој би можел да биде поврзан, меѓутоа ниедна од теориите не можела да биде докажана. Единственото нешто што е јасно е тоа дека постоел во таа област пред доаѓањето на романските јазици  -одсносно пред да пристигнат римјаните со латинскиот кој подоцна ќе се развие во француски и шпански.

7. 7.Баскиски јазик

88 8.Фински јазик

Финскиот јазик можеби не бил запишан се до 16 век, но како и со кој било јазик, има историја која датира многу одамна. Тој е дел од фамилијата на угрофински јазици, која исто така ги вклучува естонскиот, унгарскиот и неколку помали јазици зборувани од малцински групи низ Сибир. Покрај тоа, во финскиот јазик има многу позајмени зборови од други јазици усвоени во финскиот во текот на вековите. Во многу случаи, финскиот јазик ги има задржано овие позајмени зборови поблиску до оригиналната форма отколку од јазикот од кој потекнуваат. На пример, зборот за мајка – „aiti“ потекнува од готскиот јазик кој веќе не се зборува. Зборот за крал – „kuningas“, потекнува од германскиот збор „kuningaz“- кој повеќе не постои во ниту еден германски јазик.

8. 8.Фински јазик

99 9.Грузиски јазик

Кавкаскиот регион е вистинско жариште за лингвистите. Главните јазици на трите јужни Кавкаски земји, Арменија, Азербејџан и Грузија потекнуваат од три сосема различни јазични фамилии- одсносно индоевропски, туски и картвелски. Грузискиот е најголемиот картвелски јазик и е единствениот кавкаски јазик со древна книжевна традиција. Неговата убава и уникатна азбука е исто така доста стара – се смета дека е преземена од арамејскиот јазик уште во 3-тиот век по Христа. Иако не е островски јазик во истата смисла како баскискиот, постојат само 4 картвелски јазици кои се зборуваат во малцинствата во Грузија и сите тие не се поврзани со кои било други јазици во светот.

9. 9.Грузиски јазик

1010 10.Ирско-галски јазик

Иако ирско-галскиот јазик се зборува како мајчин јазик од страна на мал број на Ирци во денешно време, тој има долга историја зад него. Дел е од келтската гранка на индоевропските јазици и постоел на островите што се сега Велика Британија и Ирска многу време пред да пристигне влијанието од Германија. Ирско-галскиот јазик е јазик од кој произлегле шкотско-галскиот и манскиот јазик (којшто се зборувал на островот Ман), но фактот поради кој овој јазик се најде на оваа листа е тоа што ја има најстарата народна литература од кој било друг јазик во Западна Европа. Додека остатокот од Европа зборувал на своите јазици и пишувал на латински, Ирците одлучиле дека наместо тоа сакаат и да пишуваат на нивниот свој јазик.

10. 10.Ирско-галски јазик
ПредходнаСледно