10 неверојатни факти за мегалодонот

Долго време пред големата бела ајкула да владее со морскиот свет, постоела уште поголема и пострашна ајкула која се наоѓала на врвот на синџирот на исхрана и ниедна друга форма на морско животно не и го попречувало патот.

Зборуваме за мегалодонот – изумрен вид на ајкула кој ги фасцинира научниците и претставува инспирација за многу дела на фикцијата, и во литературата и во филмовите.

Издвојуваме 10 неверојатни факти за мегалодонот:

 

 

1. Мегалодонот се смета за најмоќниот предатор во историјата на ‘рбетниците и подобар ловец од големата бела ајкула

1Познато е дека ајкулите применуваат сложени стратегии за да уловат голем плен, но фосилните докази укажуваат дека мегалодонот имал уште посложени стратегии од големата бела ајкула.

Еден примерок од праисториски кит долг 9 метри укажува на тоа дека мегалодонот најпрво го нападнал кај рамената, перките, градниот кош и горниот дел на ‘рбетот – области кои големите бели ајкули обично ги избегнуваат. Научниците сметаат дека целта на мегалодонот била да ги скрши коските и да ги оштети виталните органи во градниот кош.

Покрај тоа, оваа ајкули биле прилично прилагодливи. Доказите покажуваат дека за време на Плиоценот, овие антички ајкули ги имобилизирале големите китови со тоа што прво им ги оштетувале перките пред да ги убијат и да ги изедат. (извор)

2. Порано се сметало дека фосилизираните заби од мегалодон се всушност скаменети јазици на змејови

2Според податоци кои датираат од Ренесансата, огромни триаголни заби биле често пронаоѓани закопани во карпестите планини поради што се верувало дека се фосилизирани јазици на змејови и змии. Дури во 1667 година, данскиот натуралист Николаус Стено ги идентификувал како заби од ајкула и своите откритија ги опишал во својата книга со наслов „The Head of a Shark Dissected“. (извор)

3. Најстариот фосил на мегалодон датира пред околу 28 милиони години

3Најстарите фосили од мегалодон наводно потекнуваат од геолошкиот период Олигоцен што ги прави околу 28 милиони години стари, но поопшто прифатената дата за потеклото на оваа ајкула е Средниот Миоцен, што е пред околу 15,9 милиони години.

Се смета дека мегалодоните изумреле пред 2,6 милиони години, до крајот на Плиоценот. (извор)

4. Забите на мегалодонот се најголеми од сите познати видови на ајкули

4Првичното, научно име за мегалодонот било „Carcharodon Megalodon“ што се преведува како „ајкула со мега заби“. Името им било дадено во 1835 година од страна на швајцарскиот натуралист Луис Агасис.

Забите се најчестите фосилни остатоци од овие ајкули. Некои од нив достигнуваат 180 милиметри во дијагонала. (извор)

5. Мегалодоните јаделе прилично се што мрдало во морињата (па дури и меѓусебно се јаделе)

5Фосилните податоци покажуваат дека мегалодоните јаделе делфини, мали китови, големи китови, перконоги, морски прасиња, џиновски морски желки и др.

Покрај тоа, тие имале тенденција да бидат канибалисти, односно да јадат единки од сопствениот вид. (извор).

6. Бебињата мегалодони се раѓале со големина од 2 до 4 метри

6Големината на бебињата мегалодони е определена според фосилните остатоци на забите.

Биле пронајдени отпечатоци од заби од ајкула долга 4-7 метри, на ребро на антички кит и научниците сметаат дека ајкулата била новороденче.

Младите мегалодони се хранеле со риба, морски желки и мали китови, но повремено напаѓале и многу поголем плен. (извор)

7. Големата бела ајкула била голема колку пенисот на мегалодонот

7Петар Кимли, експерт за ајкули од Универзитетот во Калифорнија извјавил дека големата бела ајкула има приближно иста големина на пенисот на машки мегалодон.

На научниците им е тешко да ја проценат точната големина на мегалодоните, бидејќи најчесто се пронаоѓаат фосили само од забите или пршлените, но сметаат дека со сигурност биле поголеми од ајкулата кит.

Во 1900 година, морските биолози Патрик Џ. Шембри и Стафон Папсон посочиле дека мегалодонот достигнувал максимална должина од 24 до 25 метри, но сега повеќето експерти се согласуваат дека достигнувал должина од околу 16 метри. (извор)

8. Постојат 3 главни теории за нивното исчезнување

Ладење на океаните: Првата теорија сугерира дека забрзаните промени во глобалната циркулација предизвикани од затворањето на водениот премин кој некогаш ги разделувал Северна и Јужна Америка (како резултат на вулканска активност во доцниот Плиоцен), како и други фактори меѓу кои и климата, ја поставиле основата за создавање на глечери во северната хемисфера, последователно создавајќи Ледено доба која значително ги оладила океаните. Мегалодонот преферирал потопли води, па ова можеби влијаело и резултирало со нивната смрт.

Снемување на храна: До крајот на Миоценот, многу од видовите со кои мегалодоните се хранеле измуреле. Покрај тоа, затворањето на водениот премин предизвикало дополнително изумирање и редистрибуција на фауната. Тоа резултирало со намалување разновидноста на китовите, што укажува на тоа дека оние кои преживеале најверојатно се упатиле кон поларните региони.

Нова конкуренција: Последнава теорија е помалку популарна, бидејќи сугерира дека појавата на китовите убијци придонела за изумирањето на мегалодоните. Фосилните податоци укажуваат на тоа дека овие антички китови можеле да ја преживеат новата постудена клима, па поради тоа можеби ги надживеале мегалодоните. (извор)

9. Фосили на мегалодони се пронајдени насекаде низ светот

9Фосилни остатоци од мегалодони биле ископани насекаде низ светот – во Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Пуерторико, Куба, Јамајка, Канарските острови, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Малта, Гренадини и Индија, но исто така и на места далеку од континенталното земјиште, како што е Маријанскиот Ров во Тихиот Океан. (извор)

10. Силата на гризење на мегалодонот била толку силна што би можела да смачка еден мал автомобил

10Стивен Вроу од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија, заедно со своите колеги, со помош на компјутерски симулации ја проценил силата на гризење на мегалодонот. Тие процениле дека големата бела ајкула може да генерира максимална сила од 1.800 кг. при гризењето, додека мегалодонот поради својата големина можел да гризне плен со сила помеѓу 10.900 и 18.100 кг. (извор)

Поддржете ја нашата работа: