Неоданешното откритие на седум егзопланети со големина на Земјата на оддалеченост од околу 40 светлосни години во Сончевиот систем, претставува важен чекор во откривањето на вонземски живот во вселенското пространство.
10.Атмосферите на откриените егзопланети немаат дебели слоеви
Научниците веќе потврдија дека две од седумте откриени егзопланети не се целосно офатени со дебел слој од водород и затоа веројатно имаат цврста површина, слично како и Земјата.Ова отвора можност дека не се работи само за гасни џинови кои се вртат околу ѕвезда – што би значело дека на нив не е возможен живот (барем не во форма што ние ја познаваме или претпоставуваме дека може да постои)
9.Присутна комбинација од озон и метан во атмосферата.
За да може планета да поддржи живот потребна е мешавина од специфични варијабили. Не смее да биде ниту претопла, ниту премногу студена, ниту премногу каменита, нити премногу гасовита. Сепак, мора да има релативно цврста површина, многу светлина, доволно дебела атмосфера за да се зачува умерена клима и вода која може да се собира во реки, езера и океани.
Присуството на озон во атмосферата овозможува заштитен слој против штетното ултравиолетово зрачење од џуџестата ѕвезда околу која кружат овие планети.
Научниците се убедени дека комбинација од озон и метан ќе најдат на најмалку три од овие седум планети, а тоа значи дека истите се сериозни кандидати за откривање на вонземски живот.
Покрај тоа, за научниците нема сомнеж дека доколку на некоја планета се откријат озон, метан, јаглерод диоксид и вода, дека таму мора да има и живот.
„Ако ја имате оваа комбинација, постои само едно овјаснување- тоа е живот“, вели астрономот Мишел Гијон од Универзитетот Лиеж во Белгија.
8.Ѕвездите од класата „М-џуџе“ опстојуваат подолго со што оставаат повеќе време за формирање на живот
Бидејќи М-џуџестите планети го согоруваат своето нуклеарно гориво исклучително споро, тие можат да ги осветлуваат своите планети во долг временски период, дури и со милијарди години.
Само за споредба, нашето Сонце се наоѓа некаде на половина од својот животен век. Со нас е „само“ 4,6 милијарди години, а ќе изгори во следните пет милијарди години.
Подолг животен век на ѕвездата значи и повеќе време за развој на комплексен биолошки живот.
7.Потенцијално нов увид во врска со формирањето на планетите
И самото откритие на овие планети значи голем чекор напред за науката, дури и во случај ниедна од нив да не е погодна за живот. Имено, научниците секако ќе имаат идеална можност за тестирање на разни нови хипотези, најмногу за историјата и еволуцијата на тие планети, за кои се верува дека сите настанале од ист протопланетарен диск.
6.Појасен поглед на далечните светови
Во најдобро сценарио научниците ќе откријат доказ за постоење на знаци на живот, но и најлошото не е толку црно. Имено, ако научниците не бидат во можност да утврдат дали животот е тој кој го конзумира и продуцира тој кислород, сепак ќе имаат возбудлива можност да го откријат неговиот извор.
5.Планетите од системот „Trapist-1“ се послични со Земјата од сите други претходно откриени
Со откривањето на овој систем, законот на веројатноста сугерира дека во вселената постојат уште многу такви планети. Тоа значи дека се зголемуваат шансите дека еден ден ќе откриеме вонземски живот, но и дека со телескопите ќе управувае во сосема друга насока.
4.Телескопот „Spitzer“ е важен
Без моќниот вселенски телескоп „Spitzer“, НАСА не би можела да го открие системот „Trapist-1“. „Spitzer“ го истражува вселенскиот простор веќе 14 години.
Еден од неговите најголеми успеси досега беше „фаќањето“ на светлосното зрачење од егзопланетите, односно набљудување на планетите надвор од Сончевиот систем.
„Spitzer“ е опремен со моќна инфрацрвена камера, инфрацрвен спектрограф и повеќефреквенциски фотометар.
3. „Trapist-1“ ни е (релативно) блиску
Четириесет светлосни години, во огромниот вселенски простор, претставува мала оддалеченост. Меѓутоа, се денешната технологија ќе ни бидат потребни 44 милиони години да стигнеме до „Trapist-1“. Сепак, никој не знае што ни носи утрешницата.
2.Ова е добра платформа за разбирање на атмосферскиот состав на другите планети
Бидејќи ова се првите откриени егзопланети со големина на Земјата што се на погодна оддалеченост од матичната ѕвезда, составот на нивните атмосфери на научниците ќе им даде клучни информации за идните слични егзопланети. Накратко, научниците ќе добијат хемиски отисок за понатамошни истражувања.
1.Можеби сите имаат вода
Само откритие дека на сите новооткриени егзопланети од системот „Trapist-1“има вода, ни дава причина за ентузијазам.