16.000 евра за лежење во кревет

Ако сте од оние кои сакаат долго да лежат во кревет, еве можнст од тоа добро да заработите – и тоа во името на науката.

Имено, Институтот за вселенска медицина и физиологија (Medes) во Тулуз, Франција, бара 24 лици кои ќе лежат  во кревет точно 60 дена.

Со ова научниците сакаат да откријат каков ефект врз луѓето ќе има пролонгираниот период на бестежинска состојба, пишува  „The Guardian“.

По завршувањето на задачата, на лицата ќе им бидат исплатени по 16.000 евра. Институтот бара здрави, физички активни мажи непушачи на возраст помеѓу 20 и 45 години, со индекс на телесна маса од 20 до 27.

Во текот на тие 60 дена учесниците ќе мора барем со едното рамо, цело време да бидат во контакт со креветот. Половина од учесниците секојдневно ќе добиваат специфичен коктел од лекарства, меѓу кои антиинфламатори и антиоксидантни суплементи, што се претпоставува дека ќе помогне да се спречат ефектите од бестежинската сотојба. Покрај тоа, ќе се тестира колку е изводливо да се јаде, да се мие, да се оди во тоалет и да се вежба, додека се лежи во кревет.

„Идејата на оваа студија е да се направи репродукција на бестежинската состојба од Меѓународната вселенска станица. Во првите две недели нашите научници ќе направат серија тестирања и мерења на волонтерите. По ова ќе следи период од 60 дена кога тие ќе мора да лежат во кревет, со главата малку наведната надолу на помалку од шест степени“- вели др. Арно Бек, координатор на студијата.

Откако ова ќе заврши, лицата ќе имаат две недели рехабилитација и во тој период ќе се проучуваат ефектите од  лежењето врз нивните тела.

Можеби ова се чини како лесна работа, но не е баш така.

Ваков екперимент е направен и порано. Во 2014 година НАСА им платила по 18.000 долари на волонтерите кои лежеле 70 дена, додека научниците ги аналзирале. Еден од учесниците, Андреј Иваницки, за своето искуство објавил  статија во  „VICE“, каде ги опишува главоболките, силните болки во грбот, досадата и како во еден момент „им посакал вечно проклетство на сите во НАСА“.

 

 

Поддржете ја нашата работа: