Леталото на НАСА се приближува до нов објект

Леталото на НАСА, откако го направи прелетувањето на Плутон во јули, има можност да се запознае со уште едно вселенско тело кое се наоѓа на работ од нашиот сончев систем.

PT1-compared-to-Cape-CodОбјектот што го носи името „2014 MU69“, се проценува дека е со пречник помеѓу 25 и 45 километри. Неговата вистинска големина зависи од тоа колку е рефлективна неговата површина – засега, астрономите можат единствено да кажат колку сончева светлина рефлектира, така што може да биде мал и блескав или голем и темен.

Научниците се надеваат дека ќе добијат прецизни податоци за составот на најоддалечените делови од Сончевиот систем – Кајперовиот појас, што го дели со Плутон и со другите ледени тела. Тоа е добар кандидат да се види историјата на Кајперовиот појас, бидејќи е многу мал за да биде преобликуван од геолошките процеси и доволно оддалечен од Сонцето за да го задржи оригиналниот состав.

Според последните калкулации се очекува леталото на НАСА да помине многу поблиску до „2014 MU69“ отколку што беше случајот со Плутон. Ова меѓудругото ќе овозможи и поквалитетни фотографии со повисока резолуција.

„2014 MU69“ е околу двеста милиони пати поблед од она што може да го видиме со голо око, па затоа биле потребни речиси две недели набљудување со телескопот Хабл кога бил откриен во јуни минатата година. Во тоа набљудување, откриена е уште една можна дестинација за леталото, после Путон, но до „2014 MU69“ е полесно да се стигне.

New-Horizons-trajectory-to-PT1-cropСега кога НАСА ги објави своите планови за „2014 MU69“, останува уште формалниот предлог од НАСА, што генерално се очекува да успее.

Ако биде одобрен овој дополнителен пат, леталото би требало да се сретне со „2014 MU69“ на 1-ви јануари 2019 година.

После тоа, „Нови Хоризонти“ ќе продолжи да се движи надвор од Сончевиот систем, сѐ додека го потроши горивото во 2030 година.

Поддржете ја нашата работа: