По тешката 2016–та година на Земјата, еве неколку причини зошто се смета дека новата 2017–та година ќе биде неверојатно возбудлива.
Почнувајќи од меторски дождови и затемнувања па се до епски мисии во вселената и повеќе, 2017–та ќе биде вредна година за дочекување.
1. Метеорски дожд Квадрантиди
Почетокот на новата година ќе го одбележи метеорски дожд ноќта на 3-ти кон 4-ти јануари, којшто потекнува од северот, во соѕвездието Голема Мечка што значи дека најдобро ќе може да се види во северната хемисфера.
Месечината ќе биде само делумно осветлена, што значи дека нема да ги засени очекуваните 100 или повеќе метеори на секој час.
2. Џуно ќе го истражува Јупитер
Истражувањето на едно од најопасните места во Сончевиот Систем е доста амбициозно, но мисијата на НАСА е да го стори тоа 37 пати.
Сондата Џуно влезе во орбитата околу Јупитер на 4 јули 2016–та година, и на крајот на годината веќе почна да открива што се крие под облаците кои го сочинуваат овој гасовит гигант.
Благодарение на Џуно ние ќе можеме да го видиме хемискиот состав и структурата на планетата.
3. Пробно лансирање на „SpaceX“
Во 2016-та година, „SpaceX“ влезе во историјата со тоа што ја слета нивната ракета од прва фаза „Фалкон 9“ откако лансирала сателити во вселената. Ова заврши кога ракетата експлодираше на местото на слетување, загрижувачки неуспех за систем кој се доближи до тестирање на летови на луѓе за да ги пренесува астронаутите до Меѓународната вселенска станица.
Доколку „SpaceX“ може повторно да ги употреби своите ракети наместо да ги исфрли, би можело да влеземе во нова ера на поевтино патување во вселената.
Продолжувањето на тестовите за лансирање во 2017–та се чекаат со нетрпение.
4. Големото затемнување во Америка
Ова затемнување на Сонцето ќе биде на 21 август и целосното фрлање во сенка на Сонцето од Месечината ќе биде видливо во тесен појас кој ќе се протега низ континенталните САД.
Во пресрет на настанот, НАСА создаде супер точен модел на Месечината за патот на затемнувањето. Проверете кое е најдоброто време на набљудување од вашата локација.
5. Лансирање на „TESS“
Благодарение на вселенското летало Кеплер знаеме за илјадници вонземски светови, и во 2017–та НАСА ќе ја лансира мисијата „TESS“.
Насочен кон 200.000 светли ѕвезди на небото, „TESS“ се надева дека ќе најде 500 светови со големината на Земјата кои накратко поминуваат помеѓу нас и ја затемнуваат ѕвездената светлина.
Овие значајни вонземски светови ќе бидат многу поблиску до нас од планетите забележани од Кеплер, што значи телескопите базирани на Земјата потенцијално ќе можат да ја измерат нивната атмосфера и да видат дали условите се погодни за живот.
6. Мисијата на Кина до Месечината
Кина ќе продолжи со својот брз развој за вселената со мисија за враќање на примерок од Месечината.
Безекипажниот „Chang’e 5“ ќе биде лансиран во 2017–та со цел да слета на Месечината и да врати назад 2 кг реголит од Месечината на Земјата.
7. Големото финале околу Сатурн
На 15-ти септември, вселенското летало Касини околу Сатурн ќе ја заврши својата мисија долга речиси две децении со согорување во атмосферата на гасовитиот гигант.
Тоа ќе го означи крајот на една неверојатно вредна научна мисија, која постигна нови откритија кога тргна на тунеја во внатрешните прстени на Сатурн. Со 20 нуркања помеѓу прстените и облаците на планетата, во регионот кој никогаш досега не е истражен, ќе можеме да научиме како се формирале овие прстени како и да откриеме некои од скриените содржини на планетата.
Со огнениот крај ќе се осигура дека микробите на вселенското летало не може да ги контаминираат месечините Енцелад и Титат, кои се потенцијално погодни за живот, што всушност претставува конечниот и краен придонес на Касини во вселенската наука.
8. Метеорскиот дожд Геминиди
Годината ќе заврши исто како што и ќе почне, со метеорски дожд од астероидот „3200 Phaethon“ на 14-ти декември, а ќе биде видлив во секое време по полноќ на 13-ти декември.
Ова може да се види во поголемиот дел од светот во соѕвездието Близнаци. Уште подобро со младата месечина на само неколку дена одалеченост, ќе биде доволно темно за да се видат речиси сите 120 метеори на секој час.
Оваа статија првично е објавена во „The Conversation“.