2030 ќе влеземе во мини ледено доба

Предвидувањата од моделот сугерираат дека сончевата активност ќе се намали за 60% во текот на 2030-тите години – услови кои за последен пат се видени за време на „мини леденото доба“ во 1645 година.

Поминаа 172 година откако научниците за прв пат забележаа дека Сонцето варира во текот на циклус кој трае од 10 до 12 години. Но, секој циклус е различен и ниту еден досегашен модел не можел да ги објасни варијациите. Многу научниците ја поддржуваат динамо теоријата како причина за соларниот циклус. Жаркова заедно со своите колеги открива дека додавањето на второ динамо, во близина на површината, ја заокружува приказната со изненадувачка точност.

„Откривме компоненти на магнетен бран кои се појавуваат во пар, а потекнуваат од два различни слоја на Сонцето. И двете имаат фреквенција од приближно 11 години, иако таа е малку поразлична. Во текот на циклусот, брановите флуктуираат помеѓу северната и јужната хемисфера на Сонцето. Со комбинирањето на двата брана и нивното споредување со податоците од сегашниот соларен циклус, откривме дека нашите предвидувања се 97% точни“, вели Жаркова.

Научниците го развиле моделот користејќи техника наречена „анализа на главните состојки“ на опсервациите на магнетните полиња од соларната опсерваторија „Wilcox“ во Калифорнија. Тие ја анализирата активноста на магнетното поле во текот на 3 соларни циклуси, во периодот од 1976 до 2008 година. Покрај тоа, своите предвидувања ги споредиле и со бројот на просечни сончеви дамки, кои се уште еден силен показател на сончевата активност. Сите предвидувања и опсервации се совпаѓале.

Моделот предвидува дека овој пар бранови се’ повеќе и повеќе ќе се изместат за време на 25-тиот циклус, кој ќе го достигне својот врв во 2022 година.

За време на 26-тиот циклус, кој го опфаќа периодот од 2030 до 2040 година, брановите ќе станат целосно несинронизирани (како огледало, во спротивните хемисфери) и тоа ќе предизвика значително намалување на сончевата активност.

Поддржете ја нашата работа: