25-те најпросперитетни земји во светот

Институтот Легатум, со седиште во Лондон, минатата недела го објави својот десетти по ред годишен глобален Индекс за просперитет – голема анкета според која се рангираат најпросперитетните земји во светот.

Богатството со кое располагаат земјите е еден од факторите за просперитет, но Институтот Легатум зема во обѕир многу повеќе фактори.

За да ја состави листата, организацијата прави споредба на 104 варијабили. Во овие варијабили спаѓаат класичните индикатори, како бруто домашниот производ по глава на жител и бројот на жители со полно работно време, но исто така и многу поинтересни бројки, како бројот на безбедни интернет сервери што ги има земјата, или колку релаксирани се чувствуваат жителите на дневна база.

Овие варијабили потоа се делат на девет подиндекси: економски квалитети, бизнис клима, управување, образование, здравство, безбедност, лична слобода, општествен капитал и природна средина.

Со индексoт се рангираат 149 земји кои имаат најмногу достапни податоци.

Последните седум години, според овој индекс, Норвешка се наоѓаше на првото место, но во 2016 година приматот за најпросперитетна и припадна на друга држава.

Резултатите може да ги погледнете подолу:

25. Португалија: Португалија е рангирана во првите 50 земји во сите подиндекси, освен во еден, но постигнала највисок резултат во категоријата лична слобода каде севкупно е рангирана 10-та.

24. Малта: Малата островска држава во Медитеранот е помеѓу првите 20 во четири области, а најдобри резултати постигнала во областа општествен капитал, заземајќи го 8-то место.

23. Хонг Конг: Иако Хонг Конг сѐ уште не е признаен како независна држава од страна на ОН, тој се наоѓа на индексот за проперитет и стои многу добро. Хонг Конг има 4-та најдобра бизнис клима во  светот.

22. Јапонија: Јапонија можеби се соочува со економска стагнација, но сѐ уште е една од најпросперитетните земји во светот, пласирана на 3-то место по безбедност и 4-та во категоријата здравство.

japan21. Шпанија: Политичката криза фрли сенка врз Шпанија во последните неколку години, но благодарение на 15-тото место во областа безбедност и природна средина, за малку не се најде во првите 20.

20. Словенија: Според овој индекс, Словенија е една од најпросперитетните земји во Европа, најдобра во областа природна средина.

slovenia

19. Сингапур: Познат по статусот најмоќна порта во светот, Сингапур е исто така и добро место за живеење, рангиран на 2-ро место во областа здравство и на прво место според безбедноста.

18. Франција: Франција постигнала добри резултатати во сите категории, а најдобро е пласирана во областа природна средина, заземајќи го 4-тото место.

17. САД: САД бележат пад од 11-то место минатата година на 17-тото место во 2016 година. Но и покрај овој пад, најголемата светска економија е рангирана прва кога се работи за бизнис клима.

16. Белгија: Иако земјата доби негативен печат како дом на извршителите на терористичките нападите во Париз минатата година, Белгија е една од најпросперитетните земји во светот, рангирана во првите 10 во областите лична слобода и образование.

15. Австрија: Австрија постигнала најдобри резултати во категоријата безбедност, заземајќи го 9-тото место меѓу сите рангирани земји.

14. Исланд: Изолирана од останатиот дел од Европа и со население од само 300.000, земјата на прв поглед можеби не изгледа како очигледен избор за една од најпросперитетните земји, но Исланд е рангиран меѓу првите пет во три подиндекси – безбедност, лична слобода и општествен капитал.

iceland13. Ирска: Ирска најдобар резултат постигнала во областа лична слобода, пласирана на 5-то место, и на 7- мо место во образование.

12. Луксембург: Позната како даночен рај, земјата е исто така е на врвот на листата според индексот за лична слобода и здравство.

11. Германија: Економскиот центар на еврозоната, Германија, се најде во првите 10 во сите категории според индексот, освен во три. Најдобро е рангирана според економските квалитети – на 5-то место.

10. Велика Британија: И покрај „Брегзит“, Британија оваа година се искачи од 15-то на 10-то место. Најдобро е рангирана во областа бизнис клима, на 5-то место.

9. Данска: Скандинавија е општо позната по високиот стандард на живеење и се наоѓа на 9-тото место, а Данска всушност е на последното место по просперитет од овој регион. Најдобар резултат има во категоријата безбедност на 5-то место.

denmark8. Шведска: Шведска е рангирана 3-та во категоријата економски квалитет и 5-та во управување, но сепак бележи пад од 5-то место во 2015, на 8-мо место годинава.

7. Холандија: Холандија е рангирана втора во образование и економски квалитет и во првите пет во други две категории.

6. Австралија: Позната по лежерниот начин на живот и добрите временски услови, не е чудно што Австралија е рангирана севупно втора во категоријата општествен капитал, што и помогна да се искачи едно место погоре од минатогодишното седмо место.

5. Канада: северниот сосед на САД, Канада, според индексот е значително попросперитена, заземајќи го 3-тото место во категоријата општествен капитал и бизнис клима, а втора во лична слобода.

4. Швајцарија: Швајцарија често е високо рангирана на листите за просперитет, благодарение на извонредното образование (севкупно прва) и одличната здравствена заштита – рангирана на 3-то место.

3. Финска: Според Институтот Легатум, Финска има најдобро управување во светот.

2. Норвешка: Седум години по ред Норвешка беше рангирана како најпросперитетна земја во светот од страна на Институтот Легатум, но годинава го загуби тој статус, а највисоко е рангирана во категоријата управување – на 3-то место.

1. Нов Зеланд: Официјално најпросперитетна земја во светот, според Институтот Легатум. Нов Зеланд го зазема највисокото место во категориите општествен капитал и економски квалитет и второ во бизнис клима и управување.  

new-zeland

Извор: „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: