Мумимите не се единствените тела што се зачувани во гробовите на античкиот Египет.
Лебарки биле откриени во внатрешноста на обредниот леб што е собран на почетокот на 1 800-тите години , најверојтно од гроб во некрополата на античка Теба.
Овие гробови биле ладни , екстремно суви и запечатени во однос на надворешната средина.
„Ова во голема мера ги успорило природните микробиолошки активности и распаѓањето.Ваквите услови овозможиле да биде зачувано сѐ , од дрвениот ковчегот до обредниот леб – заедно со бубачките“– вели Каролина Картрајт од Британскиот музеј во Лондон.
Бубачките заедно со лебот биле закопани пред околу 3 000 до 3 500 години.Во гробовите во антички Египет лебот , заедно со друга храна , како овошје и колачи бил ставан со симболичка понуда за починатиот , да се храни во задгробниот живот.
Картрајт и нејзиниот колега Џон Тајлор направиле скенирање со електронски микроскоп на повеќе од 20 обредни леба , со цел да откријат од какви состојките биле направени , при што биле откриени и бубачките.
Некои од лебовите биле направени од состојки кои денес не се јадат , како плева и слама.Некои биле од јачмен или пченица , а некои содржеле и овошје.
Лебарките што се гледаат на сликата се со големина од 2 до 3 милиметри , но во лебот биле пронајдени и друг вид бубачки како и ларви од двата вида.