Триесет години по експлозијата на нуклеарната централа во Чернобил, ирвасите од живописните снежни планини од Скандинавија се сè уште радиоактивни.
Тие не биле единствените кои биле погодени од оваа катастрофа. Со генерации, Лапонците, жителите на северот на Арктикот, живееле во хармонија со природата.
Многу од нив работеле како „boazovázzi“ или „шетачи на ирвасите“, одгледувајќи стада од овие животни на стотици милји терен и потоа продавајќи го нивното месо кога доаѓа сезоната на колење. Ирвасите биле културен и економски центар за овие луѓе.
Но, експолозијата, која се смета за најлошата граѓанска нуклеарна катастрофа во историјата, ја покри земјата со токсичен материјал, ги претвори ирвасите во радиоактивни и го затру начинот на живот на Лапонците.
Фотографот Амос Чапел заедно со „Radio Free Europe“ отпатувал во норвешкото село Снаса, каде што се сретнал со овие одгледувачи на ирваси кои се борат за да ја зачуваат својата традиција.
Тој сподели неколку фотографии кои може да ги погледнете подолу, а целата приказна да ја прочитате тука.
Како последица од Чернобил, облак од радиактивен материјал бил исфрлен во атмосферата над Советскиот Сојуз и Европа. Меѓу најопасните продукти од фисија бил цезиум – 137.
Ветерот и дождот ги донеле овие загадувачи на земјата. Во Норвешка, немилосрден дожд дозволил 700 грама на радиокативен цезиум – 137 да се спушти на земјата.
Радиоактивните материјали навлегле во езерата и шумите, загадувајќи го дивиот свет, шумските плодови и растенијата. Исто така, опфатени биле и вренетовидните зелени габи, наречени лишаи, омилената храна на ирвасите.
Лишаите немаат коренски систем и апсорбираат хранливи материи од воздухот, со што биле добро прилагодени за да го впијат целиот тој цезиум – 137. Ирвасите хранејќи се, станале радиоактивни.
Повеќе од 9.000 години, Лапонците го поврзувале нивниот културен идентитет со ирвасите. Овие животни им обезбедувале храна, приходи и традиции кои се пренесувале. Чернобил донесол неочекуван крај.
Во 1986-тата година, научниците забележале ниво на радијација кај ирвасите непогодно за човечката исхрана. Европските влади донеле строги прописи, и Лапонците ги ослободиле своите стада назад во дивината.
„Последиците од Чернобил се катастрофални. Овие сточари од вонвременски начин на живот споен со природата, преминале на живот во едно од најконтамираните места на земјата“ – вели Чапел за „Business Insider“.
Триесет години подоцна, условите се подобрени. Радиоактивноста на цезиум – 137 се намалила скоро половина, но се’ уште, голем дел од лишајот кој расте споро е опасен. Во 2014-тата година стотици ирваси не ја поминале инспекцијата поради силниот раст на габата.
Лапонците од Снаса, кои јадат месо од ирваси, годишно се тестираат за радијација. Тие велат дека секогаш ќе живеат во сенка на Чернобил.
Оваа статија првично е објавена во „Business Insider“.