Неверојатен пронајдок на остатоци од диносаурус во парче килибар купен на пазар

Зачувана опашка од диносаурус стар 99 милиони години е откриена во парче килибар кое го купил палеонтологот Лида Ксинг во некоја златара на пазарот во Мјанмар.

По истражувањето за коските на диносаурусите, ова е прв пат да се откријат сочувани остатоци од диносаурус во килибар, што ќе отвори можност за нови истражувања на овие изумрени животни.

Вредното палеонтолошко откритие со големина на кајсија Ксинг го купил од еден продавач минатата година. „Веднаш забележав дека тоа се остатоци од животни кои се заробени во едно парче смола, а не во делови на некои растенија” – изјави тој за „CNN“.

“Не бев сигурен дали трговецот разбра колку е вредно парчето, но сепак не ја покачи цената” – вели Ксинг.

Својот пронајдок го однел на КТ скен и микроскопска анализа по што се заклучило дека тоа е опашка од младенче на целуросаурус кој спаѓа во групата тереоподи. Пронајдокот повеќе наликува на Т-рекс и велоцираптор кои сме ги виделе само од Јура парк, одошто на денешните опашести животни.

67942ba569dc3c67675c1ac19100d3a4Малиот диносаурус е со големина на врапче, а деталните анализи во музејот во Саскачеван во Канада откриле дека на горната страна има перја со боја на костен, додека долната страна е со бела боја. Освен перјата можат да се видат и мускули, лигаменти и кожа од диносаурусот, но она што го шокирало палеонтологот Рајан МекКелар била структурата на перјата која е далеку поразлична од денешните птици и помага да се открие како еволуирале пердуви.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.