3Д мапа на цела соба преку клучалката

Во 2012 година, истражувачите го користеле ласерот за да видат што се крие зад аголот. Системот функционирал на тој начин што ласерот испуштал кратки импулси во близина на ѕидот, со што се осветлувал скриениот објект позади аголот, кој пак рефлектирал дел од светлината назад на камерата, која се наоѓала до ласерот.

Камерата ја мери само светлината која доаѓа за многу кратко време. Со промената на празнината помеѓу ласерскиот импулс и овој временски интервал би можело да се измери светлината која се распространува во различни насоки, со што би се создало 3Д слика на скриениот објект.

За таа цел, сега, Ченфеи Јин заедно со колегите од Институтот за технологија „Харбин“ во Кина, поставиле ласер за да ја измерат 3Д формата и положбата на три картонски букви (буквите ХИТ), преку дупка од 2 см. во ѕидот.

Светлината која се рефлектирала од објектот (во случајов буквите) поминала низ дупката, па на другиот ѕид, и оттаму се распрскала во камерата. Насочувањето ја камерата на различни делови од ѕидот им овозможило на научниците да ја скенираат непознатата соба.

Буквите биле обложени со високо рефлективен материјал, а останатиот дел од собата бил покриен со црн материјал кој апсорбира светлина, што значи дека оваа техника можеби не би функционирала толку добро во реалноста, меѓутоа нејзината евтина и пренослива опрема би требало да ја направат привлечна за многу примени како на пр. спасување од пожар, надзор на бојното поле или антитерористички надзор итн, објаснува Јин.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt