5 главни проблеми на науката

1. За добро или за лошо, истражувачите имаат голем број ограничувања во своите истражувачки методи што го стеснуваат доменот на нивната работа. На пример, биолозите што проучуваат некое животно, може да немаат доволно време, ресурси или фондови за да вршат проучувања во текот на цела година. Многу од истражувачите се исто така вработени професори коишто мораат да ги усогласат професорските обврски со работата на терен, со цел да обезбедат доволно финансиски средства. Една неодамнешна анализа на над 2.000 студии за животните, од едно големо научно списание, покажува дека само 5 проценти од нив биле направени во тек на повеќе сезони кога се испитувале животните. Уште еден чест пример за пристрасност, кога се работи за истражувањата на животни, е што пропорционално, повеќе се застапени машки животни. Бидејќи тие не продуцираат потомство, многу истражувачи сметаат дека е полесно да се користат машки животни.

2. Нема само кај животинските модели напропорционална застапеност според полот. И во 2015 година, сѐ уште има повеќе мажи отколку жени што влегуваат во научните истражувања како професија. Многу почесто се вработуваат мажи на универзитетските истражувачки позиции и почесто се објавуваат во научните списанија.

3. Научните изданија, исто така би можеле да го сменат начинот на кој ги промовираат истражувањата. Постои тенденција да се фаворизираат истражувања што се возбудливи или алармантни. Овој тип на статии имаат повеќе прегледи, бидејќи привлекуваат големо внимание, а списанието се доживува како многу влијателно. Ова може да го компромитира научниот интегритет, па не е невообичаено овие поалармирачки списанија да ги повлечат студиите.

4. Во исто време, научниците може селективно да фаворизираат некои податоци кои се поизненадувачки или контрадикторни. Поверојатно е овие податоци да бидат објавени во водечките списанија, со што и работата на истражувачите добива поголемо внимание. Скоро и да постои поттик да се избираат особено шокантни податоци од резултатите, со што едноставно се засилуваат популарните теории.

5. И како последно, финансирањето е уште еден голем проблем во научните истражувања. Во САД, истражувањата се финансирани или од владата или од приватни фондови. Финансирањата од владата значително се намалени во последните години и само на 8 проценти од истражувачите им биле одобрени барањата за финансирање. Истражувачките проекти кои се долгорочни се ставаат во втор палн, во корист на истражувањата кои се фокусирани на подиректни можни придобивки.

Ова се некои од главните проблеми, но мора да се напомене дека се одвиваат многу позитивни случувања во самата научна заедница. На пример, сѐ повеќе истражувачи се вртат кон групни модели на финансирање. Ете ова е со цел само да ве информираме за некои од сегашните случувања со кои се соочуваат истражувањата.

 

Поддржете ја нашата работа: