8. Чудовиштето од Монтаук
Во 2008 година на брегот на Монтаук, Њујорк, било исфрлено едно необично суштество. Надуеното чудовиште изгледало како да има тело на цицач, а глава на птица. Животното немало горна вилица и влакна, затоа и било тешко да се одреди за што се работи. Според некои биолози, се работело за ракун, но други го негирале ова тврдење, укажувајќи на тоа дека ракунот има пократки нозе. Некои отишле толку далеку што тврделе дека се работи за генетски модифицирано суштество кое избегало од воената база Монтаук, зголемувајќи ја на тој начин мистеријата со која била обвиена оваа установа.
Никој не знае што се случило со остатоците од чудовиштето.
7. Бермудскиот глобстер
Овој чуден глобстер бил најден на плажа на Бермудите од еден рибар, со име Тед Такер. Тој бил зачуден од неверојатната белина, недостатокот на очи, уста или која било друга видлива карактеристика на суштеството што го нашол.
Седум години никој не можел да објасни за што се работи. Случајот бил решен во 1995 година, кога со генетска анализа се пакажало дека всушност се работи за остатоци од угинат кит.
6. Морското чудовиште од Тасманија
Во 1960 година, на брегот на западниот дел на Тасманија била исфрлена огромна желатинозна маса, со големина од 6 на 8 метри и тежина помеѓу 5 и 10 тони. Настанот добил голем медиумски публицитет и огромен број можни објаснувања за тоа што претставува.
Според некои, се работело за дотогаш непознат организам. Во тоа време, практично било невозможно да се утврди неговото потекло. Исто како и суштеството од Бермудите и ова немало ниту очи, уста, ниту пак коскени структури, но за разлика од него, било покриено со бели влакна.
На крај се покажало дека се работи за уште еден лошо распаднат кит.
5. Чудовиштето од Свети Августин
Еден од најраните пријавени случаи на глобстер-чудовишта е чудовиштето од Свети Августин во Флорида. Било случајно откриено во 1896 година, од две момчиња додека возеле велосипеди. Своето откритие тие го пријавиле кај локалниот доктор, а набрзо потоа, весниците биле преполни со сензационалното откритие. Во почетокот се верувало дека чудовиштето било распаднат џиновски октопод, бидејќи можело да се забележи нешто што личело на седум долги краци закачени за бледорозева испакнатина. Исто така, изгледало дека има облик на глава како морски лав и уста лоцирана на неговата долна страна.
И оваа енигма била решена во 1995 година и повторно – уште еден распаднат кит.
4. „Trunko“
До денес, никој не знае што било ова морско чудовиште. Прв пат било забележано на брегот на Маргате во Јужна Африка како се бори со три китови-убијци, во исто време. Исцрпено од борбата, ова суштество било исфрлно на брегот, каде можело да се види 10 дена, пред повторно да се врати во морето.
Се опишува дека суштеството било долго 14 метри, широко 3 метри и високо 1,5 метри, со снежно-бело крзно и опашка како јастог.
Ова е првиот глобстер кој кога бил исфрлен на брегот бил се’ уште жив и до денес не се знае што претставува.
3. Ѕверот од Стронси
Во 1808 година, после една бура, жителите на островот Стронси во Шкотска пронашле чудно животно, исфрлено на плажата. Според првичните информации, животното било долго околу 17 метри, но можеби дури и подолго, бидејќи еден дел од неговиот опаш недостасувал.
Очевидците тврделе дека имало три пара шепи или перки, и грива на грбот. Наводно, мократа грива светела во мрак. Кога локалните жители го расекле, забележале дека содржината на стомакот му е црвена.
Според описот, многу наликува на чудовиштето од Лох Нес или некое слично морско чудовиште.
Сите обиди да се класифицира ова суштество биле неуспешни и два века подоцна, се’ уште не е јасно за какво чудовиште се работи.
2. Чилеанскиот глобстер
Во летото 2003 година, на една плажа во Лос Муермос во Чиле, бил пронајден огромен глобстер, кој тежел 13 тона.
На почетокот научниците не можеле со сигурност да потврдат за што се работи, но шпекулирале дека тоа се остатоци од непознат вид на џиновски октопод.
Подоцна, ДНК анализата покажала дека желатинозната маса, всушност претставува лошо распаднато масно ткиво од кит.
1. Чудовиштето Зуијо-Мару
Најпознатото и најконтроверзно чудовиште било уловено од јапонскиот рибарски брод Зуијо-Муру, на брегот на Нов Зеланд, во 1977 година. Чудовиштето многи наликувало на плесиосаур и екипажот веднаш го нарекол „Нова Неси“. За несреќа – од страв дека ќе им го расипе уловот, капетанот решил да фрли трупот назад во море, но пред тоа направил неколку фотографии и зел примероци од коските и од ткивото.
Новата Неси била тешка два тона и долга околу 10 метри. Таа имала четири големи перки, долг врат и опашка, но недостигале грбната перка и внатрешните органи.
Поради сличноста со плесиосаурот, ова откритие предизвикало голем интерес во Јапонија. Рибарската компанија ги испратила сите свои бродови во потрага по трупот, но и покрај сите напори, не можеле да го лоцираат.
Сепак, не биле сите убедени дека Зуијо-Мару припаѓа на суштествата кои официјално се исчезнати веќе 66 милиони години. Повеќето скептици тврдат дека се работи за остатоци од голема бела ајкула, а тоа го поткрепуваат со фактот дека во раната фаза на распаѓање оваа ајкула ја губи долната вилица, како и грбната перка и опашката.
Други пак, како д-р Фуџиро Јасуда од Универзитетот за морски науки и технологија во Токио, тврди дрка „на фотографијата се гледаат остатоци од праисториско животно“.
Во отсуство на решавачки докази, вистинската природа на Новата Неси, останува прашање на убедување.