Човештвото не е спремно за истражување на космосот

Во иднина само Месечината и Марс ќе бидат цел на вселенски истражувања. Според руските експерти, човештвото не е подготвено да патува подалеку од Марс со човечки екипаж.

Ова е содржано во заклучокот на долгорочната програма „Освојување на далечната вселена“ која е изработена во согласност со Владата на Руската Федерација. Во изготвувањето на програмата се вклучени експерти од Роскосмос, „Росатом“, Институтот за вселенски истражувања РАН, Институтот Курчатов.

„Во следните 50 години, човештвото, веројатно технолошки, нема да биде во состојба да испрати човечки екипаж во области подалечни од просторот помеѓу Марс и Венера. Во иднина реално би требало да се развиваат летови на Месечината, летови кон одредена група на астероиди и мисии на Марс“, се вели во документот. Авторите на програмата, како можност за  испраќање на мисии, посебно ги издвојуваат телата од групата на Амур, Атон и Аполон.

„Во блиска иднина само Месечината и Марс ќе бидат третирани како цели за вселенски истражувања како единствени пректично достижни граници на човечката експанзија во вселената“, се вели во програмата.

Месечината – приоритетна цел

Како приоритетна цел авторите на програмата ја посочуваат Месечината.

„Најважно прашање е прашањето на обезбедување на редовни и долгорочни човечки експедиции на површината на Месечината. Присуството на гравитација и цврстата површина на Месечината прават суштинска разлика помеѓу екпспедициите на Месечината и долготрајните летови во подалечните простори во вселената.

Површината на Месечината, исто така, ја олеснува задачата за заштита на екипажот и опремата од радијацијата. Со искористувањето на материјалите од Месечината би можеле да се создадат модели за населување, базирани на радијацијата, кои можaт да имаат практична примена.

Но и за летовите на Месечината, во моментов, не постојат решенија со неопходната сигурност, забележуваат експертите. „Тоа е сосема ново ниво во астронаутиката кон кое неопходно се стремиме“.

Поддржете ја нашата работа: