Нов поглед во атмосферата на Јупитер

Астрономите успеаа за прв пат да ѕирнат во внатрешноста на атмосферата на Јупитер, позади густиот надворешен слој на облаци, со помош на радиотелескопот „VLA“ лоциран во Ново Мексико.

Тие успеале да навлезат околу 100 километри во атмосферата на планетата и да обезбедат доволно детали за да ги мапираат движењата на амонијак. Ова може да помогне во објаснувањето на некои од најинтересните карактеристики на Јупитер, како што е Големата црвена дамка – бура која што беснее во последниве 400 години.

Научниците успеале да го направат ова на тој начин што ги набљудувале брановите должини на радио брановите кои доаѓаат во атмосферата во текот на одреден временски период. Потоа, со помош на нови алгоритми, ги претвориле во слики.

Овие прекрасни сини, златни и црвени бои ги рефлектираат брановите должини кои биле детектирани на планетата.

1Научниците всушност создале три-димензионална слика на гасот амонијак во атмосферата на Јупитер, која открива движења нагоре и надолу во рамките на турбулентната атмосфера.

На овие мапи јасно се прикажани жаришта, односно области кои изгледаат посветли и каде што нивото на амонијак е поактивно, што укажува на тоа дека овие области може да играат некаква улога во создавањето на облаците кои често се забележуваат во надворешната атмосфера на планетата.

2Оваа мапа со сигурност ќе им помогне и на другите астрономи за подобро да ја разберат атмосферата на Јупитер во иднина, а новите техники ќе им овозможат да стигнат уште подалеку.

Ова истражување му претходи на вселенското летало „Juno“ на НАСА кое следниот месец треба да пристигне на Јупитер, каде што ќе спроведе серија експерименти за да им обезбеди на истражувачите нови детали за составот, атмосферата и гравитационите полиња на Јупитер.

Ова е навистина возбудливо време за оние кои го проучуваат Јупитер.

Истражувањето е објавено во „Science“.

Поддржете ја нашата работа: