Агресивна габа и се заканува на пченицата

Истражувачите користеле нова техника на надгледување, која може да биде применета во меѓународни рамки за да се спречи ширењето на голем број разни болести кај растенијата.

Житото е основен продукт кој обезбедува 20% од калориите и над 25% од протеините во исхраната на човекот. „Жолтата ‘рѓа“ што ја предизвикува габата „Puccinia striiformis f. sp. Tritici“ (ПТС) е една од најчестите болести кај растенијата и е широко распространета во сите делови од светот каде што се одгледува жито. Болеста води до значително намалување и на квалитетот на зрното и на приносите, а во поретки случаи и до уништување на целокупните посеви.

 


Новите видови на габи што неодамна се појавија и се адаптирани на повисоките температури, се многу агресивни и успеале да ги надвладеат поголемиот дел од одбранбените гени на житото.

Со споредување на РНК на габата со генетските информации од габите кои преовладувале во периодот помеѓу 1978 и 2011 година, истражвачите утврдиле дека настанале брзи и драматични промени во популацијата на „ПСТ“ што може да има сериозни импликации врз производството на жито во Велика Британија. Во 2013 година, примероци од „ПСТ“ покажале голем број генетски варијации што е одраз на големиот еволутивен потенцијал на патогената популација во Велика Британија, кој им овозможува да ја  надвладеат отпорноста на житото кон болести. 11 од примероците исто така биле генетски слични со еден вид на „ПСТ“ наречен „Воин“. Овој вид се појавил во 2011 г. како сериозна закана за производството на жито во Европа поради неговата способност да зарази голем број од претходно отпорните видови жито.

Новата дијагностичка техника наречена „field pathogenomics” може да се примени насекаде во светот и да помогне во спречувањето на ширењето на различните видови на болести на растенијата. Со брзото одредување на генетскиот материјал во примероците од габите земени на терен, оваа техника овозможува да се потврди појавата на одредени видови габи и да се утврди дали претходно отпорните видови на жито се загрозени од  тој вид на патоген. Ова е голема предност во однос на постоечките техники кои се долготрајни, скапи и можат да тестираат релативно мали примероци од габични популации.  

Деталните информации што може да се обезбедат на овој начин, можат да помогнат да се предвиди можноста за појавата на болести и да се примени во земјоделската практика.  

Поддржете ја нашата работа: