Според овие резултати, мажјаците се агресивни спрема женките со цел да го зголемат потомството, што всушност го објаснува изненадувачкиот степен на агресија кој се забележува кај шимпанзата, вели Џозеф Фелдблум од Универзитетот Дјук.
Со цел да го објаснат присуството или отсуството на сексуалната принуда кај шимпанзата, Фелдблум и неговите колеги ги набљудувале шимпанзата кои живееле во националниот парк во Танзанија. Всушност, тој парк е набљудуван од страна на научници веќе 50 години и тие не само што знаат кој мажјак се парел со која женка, туку ги знаат и биолошките татковци на сите шимпанза родени од 1995 година, со помош на генетски тестови за татковство.
Истражувачите ги анализирале ефектите од агресијата на мажјаците кон женките, кога женките биле и кога не биле во циклус за парење. Анализите покажале дека кога женките се наоѓаат во циклусот за парење, агресијата на мажјаците доведува до почесто парење, но не и успех во „ татковството“. Од друга страна, пак агресијата во неповолните периоди за парење, ги наградува мажјаците со повеќе потомство.
Наодите покажуваат дека долгорочните модели на заплашување им овозможуваат на алфа мажјаците да го зголемат нивниот репродуктивен успех, што всушност може да претставуваат генетски докази за сексуалната принуда како адаптивна стратегија кај цицачите.
Фелдблум вели дека е заинтересиран да дознае дали некои мажjaци може да го зголемат успехот со пријателски, понежни начини, на пример со тимарење на женките.
Во секој случај, додава тој, наодите за шимпанзата веројатно нема многу да ни кажат за сексот и родителството во човечкото општество, и покрај нашите блиски еволутивни врски. Постојат очигледни разлики во парењето на двата вида. На пр. женките шимпанза, во текот на повеќето циклуси, се парат со поголемиот дел од мажјаците во групата. Така, системот кој ја фаворизира агресијата кај шимпанзата мажјаци не е присутен кај луѓето.
Објавено во : Current Biology, Feldblum et al.: “Sexually coercive male chimpanzees sire more offspring”
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |