Ако одбирам, нека биде биолошко!

Меѓутоа, мноштво на истражувања спроведени во минатото покажале дека кога психопатологијата се препишува на биологијата, доаѓа до осуда на лицата со ментални здравствени проблеми, бидејќи тогаш нивната ситуација изгледа тешка и непроменлива.

Сега, едно ново истражување покажува дека оваа предрасуда се протега и надвор од очите на јавноста, во канцелариите на професионалците за ментално здравје.

Двајца научници го објавија својот труд во „Зборникот на Националната академија на науките“ покажувајќи дека биолошкото објаснување на ментална болест го намалува нивото на емпатија кое менталните здравствени работници обично го чувствуваат кон своите пациенти.

Во серија истражувања, авторите им опишале хипотетички пациенти со социјална фобија, депресија и шизофренија на повеќе од  двесте психолози, психијатри и социјални работници.

Некои од овие описи биле придружувани со биолошки објаснувања, фокусирајќи се на гените и хемиските мозочни процеси, додека други биле објаснети врз основа на трауматски искуства во животот и ефекти од стресни средини.

Кога симптомите биле чиста биологија, испитаниците константно покажувале пониска емпатија. Исто така, покажале и повеќе песимизам во однос на корисноста на психотерапијата, што е загрижувачки бидејќи одредени форми на психотерапија се ефикасни во справувањето со различни ментални нарушувања.

„Биолошкото објаснување е како меч со две острици. Тоа има тенденција да ја намали засраменоста кај пациентите, но пренагласеноста на биологијата за да се објасни психопатологијата може да биде дехуманизирачко со намалување на биолошките мехамизми“, објаснуваат научниците.

Поентата на авторите е дека луѓето не треба да ги игнорираат биолошките фактори при проучувањето на менталните нарушувања, но од суштинско значење е да се сфати биологијата како нешто што е дел од сите човекови искуства,  а не нешто што ги дели т.н. ментално болните луѓе од сите други.

Поддржете ја нашата работа: