Од последици на пушење, годишно во светот умираат многу луѓе, а оваа лоша навика не е закана само индивидуалните поединци, туку и за околината, предупредува светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот ден на непушачите, 31 мај.
Според податоците на СЗО, од почетокот на 21 век, како резултат на пушењето починале 4 милиони луѓе, а од неодамна таа бројка се зголемила на 7 милиони.
СЗО изнесе податок, по кој трошоците кои се однесуваат на лекување на заболените и трошоците кои настануваат поради намалената продуктивност, изнесуваат околу 1400 милијарди долари, што е околу 1,8 отсто од светскиот БДП.
“Цигарите и пушењето се закана за сите нас”, вели Маргарет Чин, директор на СЗО во нејзината последна изјава.
Нејзиниот заменик, Олег Честнов потсети дека како последица од пушење, до 2030та година се предвидува дека ќе страдаат околу осум милиони луѓе. Во светот денес, живеат 1, 1 милијарди пушачи, што значи дека секој петти жител на оваа планета е пушач повеќе од 15 години.
Чан истакнува дека извештајот на СЗО е дел од напорите за цел да се прошири дебатата за пушењето како негативна и штетна навика, а во исто време и голем глобален проблем. “Од почеток до крај , циклусот на производство на тутунот е штетен за сите жители на нашата планета”, стои во извештајот на СЗО.
Секоја година за процесот на сушење на тутунот, се сечат 11,4 милиони дрвја. Тоа конкретно значи дека за да се произведат 300 цигари, се уништува по едно стебло.
Фабриките за цигари, годишно исфрлаат половина милиони тони отпад контаминиран со никотин и останати штетни хемикалии, а годишно се палат повеќе од шест билиони цигари, при што во атмосферата се испуштаат помеѓу три и пет милиони тони стакленички гасови и 7000 тони канцерогени хемиски соединенија.
СЗО повикува на воведување на строги мерки, а една од нив е значителното зголемување на цените на цигарите, која за жал не резултира премногу позитивно. Честинов вели дека многу земји исто така, не ги применуваат соодветно даноците на тутунските производи. За финансирање на кампањи против пушење, се користат помалку од 0,4 отсто од тие даноци, што навистина е премалку.
Ако секоја земја го зголеми данокот на цигарите и одреди дека изнесува 0,80 долари по кутија, годишниот државен приход ќе се зголеми за 140 милијарди долари. Ова ќе резултира со намален број на пушачи за околу 66 милиони.- стои во извештајот кој се темели на податоците од студијата од 2016та година.