За целта на истражувањето, научниците ги анализирале медицинските податоци за 11 644 шведски близнаци, во текот на 43 години, почнувајќи од 1967 па до 2010 година. Податоците биле класифицирани врз основа на мозочен удар, дијабетес, висок крвен притисок или други кардиоваскуларни инциденти
Резултатите покажале дека:
- Оние кои пиеле повеќе од две пијачки имале 34% поголем ризик за мозочен удар од останатите
- Оние кои се наоѓале во нивните 50-ти и 60-ти години, имале поголема веројатност да имаат мозочен удар во наредните пет години
- Оние кои пиеле повеќе од две пијачки имале зголемен ризик за мозочен удар во текот на средните години, во споредба со веќе познатите ризик-фактори како високиот крвен притисок и дијабетесот.
- На возраст околу 75 години, крвниот притисок и дијабетесот ја преземаат улогата како главни причинители на мозочниот удар.
И претходни истражувања посочувале на алкохолот како ризик-фактор за мозочен удар, но ова е првото истражување кое посочува разлики во возраста.
Ова истражување го потврдува препорачаното дневно ограничување на алкохолот од страна на Американската асоцијација за срце (две пијачки за мажите, а една за жените).
Поддржете ја нашата работа: