Алкохолот во комбинација со енергетските пијалоци делува како кокаин врз мозокот на адолесцентите

Здравствените власти ширум светот и досега предупредуваа за штетното дејство што алкохолот и енергетските пијалоци помешани заедно, го предизвикуваат врз мозокот.

Бидејќи тестирањето на ефектите од алкохолот врз  млади луѓе – адолесценти не е дозволено, едно ново истражување направено на глувци покажува дека мешањето на овие два пијалока предизвикува промени во младиот мозок и прави младите глувци да покажуваат зависничко однесување исто како да се на тешки дроги.

Според извештајот од истражувањето, кога на млади глувци им било дадено големо количество на кофеин помешано со алкохол тие покажале физички и неврохемиски знаци, слични како глувците на кои има бил даден кокаин.

„Ефектите кога овие два пијалока се комбинираат можат многу јасно да се забележат што не е случај кога се земаат одвоено“, вели Ричард Ван Ријн, еден од истражувачите од Универзитетот Пердју.  

Истражувачите од Универзитетот Пердју ги изложиле младите глувци на високи дози од кофеинизиран алкохол, со цел да откријат дали подоцна тие глувци ќе конзумираат поголеми количини од еден вештачки засладувач, наречен сахарин. Според истражувачите, оваа супстанција предизвикува слични ефекти на задоволство.

Младите глувци кои биле изложени на кофеин и алкохол, испиле многу повеќе сахарин од  глувците на кои им била дадена само вода и исто така станале многу поактивни. Ова покажува дека глувците кои биле изложени на кофеин и алкохол претрпеле хемиски промени во мозокт, нагласуваат истражувачите.enauka.mk

„Младите глувци кои биле изложени на кофеин и алкохол, како возрасни станале на некој начин „отрпнати“ на ефектите на задоволство од кокаинот. На овие глувци подоцна, како возрасни, им биле потребни повисоки дози од кокаин за да го добијат истиот ефект“.

Во понатамошните истражувања, Ван Ријн планира да ги истражува ефектите што врз адолесцентниот мозок ги предизвикуваат другите психостимулаторни супстанции кои се легални, но потенцијално штетни, како што е супстанцијата етилфенидат.

Истражувањето е објавено во „PLOS ONE“.

Поддржете ја нашата работа: