Алтернативни извори на енергија во Македонија

Се почесто слушаме за информации од типот на тоа дека некоја земја, како Шкотска и Чиле, поминала дури неколку денови со струја произведена само преку алтернативни извори на енергија.

И покрај тоа што ова за нашава земја изгледа како далечна иднина, сепак мали системи на алтернативни извори на енергија во домаќинствата, можат значително да ја намалат потрошувачката на струја, да ги намалат трошоците на домаќинствата и во исто време да допринесат во намалување на загадувањето на околината.

Според многуте извршени студии на оваа тема се стигнува до заклучок дека едно домаќинство може да ја намали својата емисија на јаглероден диоксид (CO2) од околу 80% во една година. Од ова и од самиот факт дека при инсталирање на само еден сончев колектор едно домаќинство може да заштеди 2400 киловат/часови струја, што е околу 8500 денари на годишно ниво, следи дека малите системи на алтернативни извори на енергија претставуваат одлична инвестиција.

kolektori-za-solarni-sustav01_vГрупа студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), спроведе истражување за мислењето и ставовите на луѓето за загадувањето на средината како и за различните видови на решенија кои што би можеле да се спроведат за почиста околина и воздух.

Резултатите од истражувањето покажаа дека 84% од испитаниците сметаат дека алтернативните извори на енергија можат значително да помогнат во намалување на загадувањето, додека пак дури 91% сметаат дека свеста за алтернативните извори на енергија во Македонија не е на добро ниво.

Според ова, студентите одлучија да направат интервју со домаќинства од Скопје и од останатите градови кои користат некаков вид на алтернативни извори на енергија, се со цел, свеста за ваквите системи да се крене на повисоко ниво.

На корисниците им беа поставени прашањата за тоа каков систем користат и колкава е неговата цена, дали условите во Македонија за вакви системи се добри (монтажа, сервисери, сончеви денови итн.) како и за тоа колку се задоволни (оценка 1-10).

kolektor_20136811223Повеќето од корисниците поседуваа сончеви колектори за вода, а помал број користат фотонапонски келии. Цената се движи од околу 200 евра за систем за топла вода, до повеќе илјади евра во зависност од големината на објектот, корисниците итн. Цената за фотонапонските ќелии е малку повисока и исто така зависи од големината на објектот, апаратите за кој се користи итн.

На прашањето за условите за вакви системи во нашава држава, сите испитаници одговорија дека условите се одлични. Во Македонија сончеви денови има 280 и тоа претставува одлични услови за вакви системи, а бројот на фирми кои монтираат и сервисираат е се’ поголем и поголем.

Сите испитаници одговорија дека дефекти има многу малку. Дефектите кај сончевите колектори за топла вода многу често не се од електричен вид (пукање на цевка, проблем со водовод) и може да ги реши и обичен хаус мајстор, додека пак кај фотонапонските ќелии при дефект потребен е сервисер – електричар, кои што пак ги има во скоро секој град во државава. За тоа колку се задоволни од ваквите системи, сите корисници дадоа висока оценка, во просек 9.

14203515_10210423146236028_1953915343_oОд сево ова може да се заклучи дека малите системи на алтернативни извори на енергија претставуваат одлична инвестиција која би се исплатила за неколку години за домаќинствата, нивната искористеност е одлична и во исто време тие допринесуваат за почиста средина.

За повеќе информации, посетете ја официјалната фејсбук страница – Алтернативни извори на енергија – клуч за почист воздух.

Поддржете ја нашата работа: