Америка ја менува дефиницијата за „Родител“

Америка ја менува дефиницијата за тоа што претставува „родител“. Судот во Њујорк донел одлука да ја прошири дефиницијата за родител (во рамките на родителски права), и на лицата кои не се биолошки родители и лицата кои не се посвоители, но биле вклучени во одгледувањето на детето.

Ова значи дека – на пример, мајката која формално не го посвоила детето од својот сопруг, ќе може да бара од државата дозвола за посета и старателство над детето, или дека таткото, за кој подоцна ќе се утврди дека не е биолошки родител на детето, нема да поминува низ комплицирана судска битка што ќе ја одредува неговата релација со детето.

Според дополнителното објаснување од судот, ова исто така значи дека сложените односи на поединците во „семејството“, стануваат помалку зависни од биолошките фактори, кога е потребно да се дефинира кој заслужува да се грижи за детето.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.