Америка ќе го добие својот прв соларен пат

Секторот за транспорт на Мисури планира да го создаде првиот соларен јавен пат во Америка, на тој начин што ќе поплочи дел од најпознатиот автопат (Route 66) со фотоволтаични плочи кои генерираат енергија.

Плочите се создадени од страна на компанијата „Solar Roadways“ коа има за цел да создава обновлива енергија од соларната енергија која се одбива од површината на патиштата. За да можат да ја собераат оваа соларна енергија, од компанијата развиле уникатни хексагонални соларни панели од прекалено стакло.

Овие панели тежат околу 30 килограми и наводно можат да ја издржат тежината на камиони со приколка. Површината на панелите е слична како онаа на асфалтот, за автомобилите да не се лизгаат, и се опремени со LED светла за да се создадат линии и знаци без да се употребува боја. Покрај тоа, тие можат и да се загреат за да го растопат мразот во зимските периоди.

route-66-solar-panel-street-pavers-missouri-energy-1

Од компанијата велат дека со поплочувањето на патиштата со овие специјални панели, Америка би можела да генерира 3 пати повеќе енергија отколку што троши, но критичарите велат дека државата едвај ги оддржува веќепостоечките бетонски патишта, а камо ли овие пополочени со соларни панели. Тие исто така се сомневаат во долгорочната истрајност на панелите.

Во секој случај, патот би требало да биде готов до крајот на годината, па тогаш најверојатно ќе го добиеме одговорот на сите овие прашања.

На следново видео може да погледнете како функционираат панелите.

Иако можеби соларните патишта звучат футуристички, тоа не е така. Европа веќе испроба слични технологии – во 2015 година, во Холандија беше направена велосипедска патека поплочена со соларни панели и по 6 месеци генерираше доволно количество на енергија за да напојува една мала куќа во текот на една цела година. Во меѓувреме, Франција исто така планира да поплочи патишта со соларни панели за да генерира обновлива енергија.

Поддржете ја нашата работа: