Антарктикот е пред пукање – пукнатината во ледот сѐ повеќе се шири

Големата пукнатина што го држи ледениот гребе  „Larsen C“  за остатокот од  Антарктикот, сѐ побрзо се шири и научниците се загрижени дека овој= еден од најголемите  гребени што некогаш се забележени, наскоро ќе пукне.

Научниците веќе со години ја следат оваа пукнатина, а откако во декември се прошири за 18 километри, во јануари растот се забрзал  и кон средината на месецот пукнатината се проширила за уште десетина километри. Мартин О’Лири, член на Проектот Мидас, за „Гласот на Америка“, истакнува дека пукнатината ја следат од 2010 година, а пред три години сватиле дека заради зголемување на пукнатината ова ќе стане огромна санта лед. Според проценките, неговата површина изнесува 5.000 квадратни километри. Тоа е отприлика колку половина Либан.

Larsen C“ се нарекува леден гребен, затоа што сѐ уште се држи за копното, иако е во море. „Larsen A“ се отцепи во 1995,  додека  „Larsen В“ пукна во 2002 година. Оваа пукнатина во ледот научниците ја класифицираат како геолошки, а не во климатски настан. Иако драстично ќе го смени изгледот на Антарктикот, научниците велат дека ова не мора неоходно да значи дека се работи за настан предизвикан од климатските промени.

Но, О’Лири вели дека последици за гребенот „Larsen С“ би можеле да бидат големи. Со губитокот на толку големо парче лед, гребенот би станал многу поранлив на ефектите од климатски промени  во иднина. Би бил многу понестабилен, подложен на нови расцепи или на целосно распаѓање. Меѓутоа, научниците велат дека немаат доволно податоци за да можат да предвидат дали ова ќе се случи и кога би можело да се случи. Предвидувањата сугерираат дека ледот од „Larsen “ што сега се наоѓа на копно, би можел да се лизне во морето и да го  подигне нивото  на морето за 10 сантиметри.

 

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.