Антибиотиците помагаат развој на други штетни бактерии

Овој труд не само што дава нова димензија на нашето сфаќање за тоа како дејствуваат антибиотиците, туку и ни разјаснува зошто бактериите воопшто продуцираат антибиотици, велат истражувачите.

Долго време се мислеше дека бактериите продуцираат антибиотици од истите причини што ние ги сакаме, а тоа е да убиваат други бактерии. Сепак антибиотиците можат понекогаш да имаат и многу незгодни несакани ефекти, како што е создавањето на биофилм.Биофилмовите се колонии од бактерии кои се формираат на разни површини, феномен што во стоматологијата се нарекува плак. Биофилмовите ги има насекаде. Во многу случаи, биофилмовите можат да бидат корисни, како на пример кога тие ги штитат корените на растенијата од патогени. Меѓутоа, тие можат да бидат и штетни, како на пример кога се формираат на медицинските катети и цевките за исхрана на пациентите, предизвикувајќи болести

 

.


„Досега се сметаше дека создавањето на биофилмови е општ одговор на стресот, некој вид на неспецифична нуспојава на антибиотиците. Нашите наоди покажуваат дека тоа не е точно. Откривме антибиотик кој многу специфично активира создавање на биофилм формации и тоа го прави на начин што нема никава врска со неговата способност да убива“- велат истражувачите.

Во претходни истражувања, истражувачите покажале дека една бактерија од почвата „Bacillus cereus“, може да ја стимулира бактеријата „Bacillus subtilis“ да создава биофилм, преку непознат „сигнал“ кој го излачува. „B.subtilis“ се наоѓа во почвата и во гастроинтестиналниот тракт кај човекот. Истражувачите откриле дека оваа сигнална компонента што индуцира создавање на биофилм е тиоцилин, член на класата антибиотици што се нарекуваат тиазолил пептидни антибиотици (thiazolyl peptide antibiotics) кои се продуцираат од голем број на бактерии.

За да откријат зошто и на кој начин тиоцилинот ги врши овие две специфични и различни функции, истражувачите го модифицирале на тој начин што ја елиминирале неговата антибиотска активност, но не ја спречиле продукцијата на биофилм.

„Ова укажува дека антибиотиците можат независни и истовремено да индуцираат потенцијално опасни биофилм формации во други бактерии и дека тие активности се одвиваат преку специфични сигнални патишта.Ова генерира натамошни дискусии за еволуцијата на антибиотската активност и фактот дека некои антибиотици што се користат за терапија , можат да индуцираат биофилм формации на многу јак и специфичен начин, кој има широки импликации на човековото здравје“- велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Резултатите од ова истражување се совпаѓаат со резултатите од минатогодишното истражување на „Oak Crest Institute of Science“ каде докажаа дека  употребата на мали количини на антибиотици кои се недоволни да ја уништат бактеријата, предизвикуваат формирање на биофилмови кои стануваат се посилни и потешки за разбивање и тоа посебно во случаите на хронични инфекции на ушите, синусите и белите дробови.

Ако продолжиме да ги употребуваме антибиотиците за третирање бактериски инфекции неопходно е добро да го истражиме нивното влијание врз формирањето на микрофилмовите.

Поддржете ја нашата работа: