Ракот е болест кој во последно време зема се поголем замав, а заболените примаат разни видови на терапии кое се премногу исцрпувачки и имаат бројни несакани ефекти. Најновата студија од Универзитетот Салфорд би можела да донесе нова надеж во борбата против карциномот.
Имено, научниците откриле дека антибиотиците во комбинација со витаминот Ц можат да бидат и до 100 пати поефективни во уништување на клетките на ракот од стандардните лекови кои моментално се употребуваат.
Во лабораториските испитувања, експертите најпрво користеле антибиотици, а потоа витамин Ц. Таквата постапка резултирала со смрт на клетките заболени од рак, бидејќи им бил одземен изворот на храна. Тие буквално умреле од глад.
Витаминот Ц и антибиотикот се релативно нетоксични и би можеле во голема мера да ги намалат несаканите ефекти кои настануваат по употребата на стандардни лекови.
Авторот на студијата, Проф. Мајкл Лисанти вели: “Докажавме дека витаминот Ц и другите нетоксични соединенија можат да играат важна улога во борбата против ракот. Нашите резултати се многу важни и можат да одат на натамошни клинички тестирања – би можеле да се користат покрај конвенционалната терапија при спречување повторно обновување на ракот и ширење на метастазите.”
Во студијата, научниците им давале на клетките зголемена доза на антибиотик, а потоа витамин Ц, кој го ограничил нивниот извор на енергија. Добивале само глукоза. Поради тоа клетките живееле, но биле премногу ослабени. Витаминот Ц се вмешал во процесот на настанување на енергија. Потоа научниците им ја скратиле и глукозата, што резултирало со изгладнети клетки.
Резултатите од истражувањето се објавени со списанието Oncotarget, а експертите од Универзитетот во Салфорд сметаат дека оваа метода е за 100 пати поефективна од стандардните терапии во лекувањето на карциномот, со што може и да се намалат несаканите ефекти.