Античките Македонци заслужни за првите роботи

Постојат записи кои го поврзуваат таткото на математичката механика Архит  кој живеел 400 години пред нашата ера со уредот наречен „гулаб“ за кој се верувало дека можел сам да лета на растојание од преку 200 метри и бил придвижуван од некој вид на млаз за кој се претпоставува дека бил водена пареа.

Стотина години подоцна во периодот на владеењето на Македонската династија на Птоломеј, првиот управител на прочуениот Александриски музеј во чиј состав се наоѓала уште попрочуената Александриска библиотека, Ктсебиј Александриски (285п.н.е-222 п.н.е.) ја усовршил Клепсидрата (првиот автоматски часовник) базиран на вода, чии верзии се користеле се до 17 век кога е измислен сатот со клатно.

Низ античката историја може да се најдат повеќе разни автоматизирани уреди како и размислувања за автоматиката, при што тука вреди да се спомене Аристотел кој во неговата „Политика“ ( 332п.н.е. Книга 1 – 4 дел ) вели: „Автоматиката еден ден ќе овозможи еднаквост на луѓето комплетно укинувајќи ја потребата од робови“.

Меѓутоа кога разговараме за автоматика и првите програмибилни роботи (да програмибилни роботи) човекот за кого модерната наука смета дека е првиот кој успеал да конструира и изгради вакви уреди е Херон од Александрија (10н.е – 70 н.е. ).

За Херон од Александрија се смета дека е најголемиот експериментален научник во антиката, тој има конструирано и креирано многу уреди меѓу кои најпознати се: Првиот регистриран гасен мотор/турбина Хероновиот мотор, првата Ветерница, првата апликативна пумпа за вода итн.

Иако можеби е малку невкусно да се наречат некои од Хероновите уреди програмибилни роботи ако се знае дека истите се изработени од дрво и не користат жици и електроника туку јажиња и механика, сепак како што можете да видите во видеото на Бен Кристал оваа технологија воопшто не е за потценување.

  

Без да навлегуваме во непотребна дебата дали овие луѓе биле Македонци, Грци или некои други, едно е сигурно: оваа територија продуцирала врвна наука и технологија илјадници години низ историјата, и луѓето од овие простори биле лидери во своето време. Многу иновации кои се спомнуваат во некои стари текстови се толку нереални и сложени што дури и модерната наука тешко може да ги објасни.

Време е да се вратиме на нашите корени, да тргнеме по патот на нашите предци и да почнеме да одвојуваме повеќе време и простор за науката, технологијата и иновациите.

 

Поддржете ја нашата работа: