Терапијата за конгитивно однесување е доста ефективна за подобрување на сонот, кај индивидуи кои што страдаат од хронична несоница, според анализата на 20 претходни истражувања, објавени онлајн оваа недела во „Аnnals of Internal Medicine“.
Оваа терапија е форма на психотерапија која што ги таргетира хроничниот стрес и анксиозноста – најчесто како корен на проблемите со спиење, помагајќи им на пациентите да ги препознаат дисфункционалните мисли, шеми и однесувања.
„Луѓето со хронична несоница се грижат за недостатокот на сон и за тоа како ќе ги извршуваат секојдневните обврски, но тоа е еден маѓепсан круг – колку повеќе се грижите за сонот, толку повеќе останувате будни. Оваа терапија цели кон прекинување на овој круг“, вели д-р Чарлс Морин, канадски истражувач на сонот.
Околу 10 проценти од возрасните патат од клиничка несоница, која што се дефинира со најмалку 3 ноќи неспиење, во текот на една недела, месец па и подолго.
Истражувачите ги анализирале статистиките на повеќе од 1162 пациенти со нарушено спиење и откриле дека со оваа терпија, спиењето се подобрило за околу 10 %. Исто така, им помогнало на пациентите да заспијат порано за 19 минути и да спијат подолго околу 7,6 минути. Пациентите исто така многу полесно заспивале откога ќе се разбуделе во текот на ноќта.
„Ова ги поткрепува препораките, оваа терапија да се користи како прва интервенција за хронична несоница, секогаш кога тоа е возможно. Исто така, оваа терапија им овозможува на пациентите да се стекнат со вештини со кои ќе можат полесно да се справуваат со сите други симптоми“, вели д-р Џејмс Трауерори, од Центарот за нарушувања на спиењето во Мелбурн.
Д-р Морин предупредува „Ова не е брзо решение, бара многу време и упорност, како од докторите, така и од пациентите, но од друга страна ова е многу поздрав третман од медикаментите, со што се елиминираат и нивите несакани ефекти, и потенцијалните долгорочни здраствени последици од користењето на таблетите за спиење“.