Аспиринот и ибупрофенот против рак на дебелото црево

вели едно ново истражување спредводено од Институтот за рак на Универзитетот во Питсбург.

Од истражувањата спроведени на животни и клиничките испитувања, веќе долго време е познато дека употребата на НСАИЛ, како што се аспиринот и ибупрофенот, го намалува ризикот од развој на цревни полипи, кои може да се трансформираат во рак на дебелото црево. Но, не беше познато зошто и како. Новото истражување идентификува биохемиски механизам кој може да го објасни тој превентивен ефект.

„Овие наоди можат да придонесат за развој на нови лекови за да се спречи ракот на дебелото црево, трет смртоносен рак во земјата“, велат истражувачите.

Истражувачкиот тим извршил експерименти со животински модели и испитал примероци од тумор кај пациенти кои земаат и кај пациенти кои не земаат НСАИЛ. Тие откриле дека НСАИЛ селективно предизвикуваат самоуништување на клетките кои имаат мутација на АПЦ генот што ги прави клетките нефункционални. Здравите клетки немаат мутација, па НСАИЛ не им предизвикува никаква штета. На тој начин, лековите ги уништуваат клетките одговорни за создавање на преканцерогени полипи и тумори.

Следен чекор е искористувањето на овој механизам, како почетна точка, за да се создадат подобри лекови и поефикасни стратегии за превенција од рак кај лицата со висок ризик за рак на дебелото црево, како и да се избегнат можните несакани ефекти кои може да се појават со хроничната употреба на НСАИЛ , како што се гастроинтестинално крварење и чиреви.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt