НАСА, „SpaceX“, „Boeing“ и многу други компании ширум светот се решени да ја достигнат следната граница на човековото патување во вселената – Марс. Всушност, НАСА веќе започна со регрутирање на луѓе кои сакаат да го доживеат „Марсовецот“ во реалниот живот.
Меѓутоа, eден тим од Универзитетот „Ирвин“ открил дека астронаутите кои ќе патуваат на Марс имаат поголема шанса за развој на деменција и долгорочно оштетување на мозокот.
Сепак, ова и не е толку големо изненадување. Астронаутите од Меѓународната вселенска станица доживеале низа на телесни промени: намалена коскена маса, оштетување на централниот нервен систем, нарушување на сонот,па дури и прекумерна надуеност. Но, научниците откриле дека патувањето до Марс ( што би било најдолго патување во вселената досега) може да има покатастрофален ефект врз мозокот и нервниот систем.
Чарс Лимоли и колегите од Универзитот го спроведувале истражувањето на стаорци кои ги бомбардирале со честички со ирадијација и откриле дека тие имаат помалку дендриди и боцки во нивните неврони. Покрај тоа, дошле и до сознание дека ефектот опстојува дури шест месеци по бомбардирањето и дека тие не можат да ги потиснат сеќавањата на стресни и страшни ситуации. Тоа значи дека астронаутите би разлислувале помалку јасно кога ќе се соочат со итна ситуација или проблем при патувањето.
Ова истражување го потенцира фактот дека развојот на правата технологија не е единственото нешто што ни треба за да стигнеме до Црвената планета. Ние исто така треба да научиме повеќе за тоа како функционираат нашите тела во вселената и да најдеме начин да ги одржиме астронаутите здрави.
Добрата вест е што овој проблем е веќе очекуван, па НАСА е повикана да спроведе истражувања за здравјето на човекот во вселената. Тие ќе ги проучуваат најголемите опасности три години, кои ќе вклучуваат рак, катаракта, неплодност, па дури и како екстремната изолација може да доведе до психички проблеми.
И покрај сето ова, вселенската агенција гледа оптимистички и смета дека ќе може да ги реши сите проблеми до 2030-тата година.