Астрономите можеби конечно ја имаат првата слика од црна дупка

Првиот обид да се „погледне“ во една црна дупка и да се направи фотграфија од нејзиниот хоризонт на случувања- точката од која нема враќање, односно границата простор-време, се чини дека е успешен, со оглед на тоа дека десетдневниот период на опсервација поминал без позначајни поблеми.

Сите собрани податоци се ипраќаат до два суперкомпјутери, во САД и Германија на понатамошна обработка, а научниците очекуваат дека на почетокот на 2018 година точно ќе знаат дали ги имаат првите историскии снимки од црна дупка.

Со проектот наречен „Event Horizon Telescope“, виртуелно биле поврзани бројни телескопи низ целиот свет со цел да се креира телескоп со големина на Земјата, така што да има ефикасен дијаметар колку целата планета. Тој е во состојба да сними многу ситни детали на исклучително голема оддалеченост.

event horizon telescope

Картата ги прикажува локациите на телескопите кои се користени во овој проект.

Црните дупки не е тешко да се забележат, но проблем претсставува резолуцијата со која се снимани. Бидејќи материјалот што го акумулираат е екстремно врел, снимките често се заматени. Новиот телескоп би требало да овозможи јасни слики каде се гледа прстенот што ја  опкружува црната дупка и нејзината сенка.

Истражувачите таргетирале две црни дупки. Едната е „Сагитариус А“, црна дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот пат, а втората е „Месиер 87“, супермасивна црна дупка во една елиптична галаксија оддалечена 53 милиони светлосни години.

„Очекуваме да видиме асиметрична слика на која се наоѓа кружен темен регион. Тоа е сенката на црната дупка.На работ од ова можно е да има светол круг. Тоа е фотонски прстен, кружен регион во вселената каде гравитацијата е толку силна што ги принудува фотоните да се движат во орбитите.

Околу него би требало да се наоѓа една полумесечина, од едната страна светла, а од другата темна. Полумесецот го создава материјата која се движи околу цната дупка со десетина од брзината на светлината.Кога се емитуваат фотони и ако честичките се движат кон набљудувачот, тогаш изгледа многу светло. Ако се оддалечуваат од набљудувачот-изгледаат се потемни. Тоа ја создава асиметријата“ вели Винсент Фиш од  опсерваторијата  „Haystack“ на МИТ, кој работи на проектот.

Податоци, снимени на хард дискови се обработуваат во два институти – „MIT Haystack“ Масачусетс во САД и Макс Планк Институтот за радио астрономија во Бон, Германија.

Поддржете ја нашата работа: