Пестицидите влијаат на сигнализацијата помеѓу клетките во нервниот систем, па според водечкиот автор Џејми Ф. Шелтон, поврзаноста со аутизмот е повеќе од можна.
Во Калифорнија, земјоделската употреба на пестициди е ригорозно контролирана и обележана. Мапите се искористени за да се следи изложеноста на мајките во текот на бременоста.
Околу 1/3 од мајките живеат на одалеченост од една милја од полињата третирани со пестициди, кои најчесто се органофосфати.
Примерокот вклучува 970 деца од кои 468 со аутизам, 168 со пречки во развојот и 316 без никакви нарушувања.
Наодите велат дека децата од мајките изложени на пестициди имаат 60% поголема веројатност за аутизам во однос на децата чии мајки не биле изложени.
Ризикот за аутизам се зголемува и од т.н пиретроидни инсектициди. Карбамат пестицидите се поврзуваат со пречки во развојот, но не и со аутизмот.
Недостаток на истражувањето е што не е земена предвид концентрацијата на пестициди во воздухот.
Во слични претходни истражувања, пронајдено е дека пренаталната изложеност на пестициди влијае на интелегенцијата.