Автомобилите загадуваат повеќе отколку што мислиме

Моторот е срцето на секој автомобил, каде што енергијата од хемиската реакција на нафтено согорување се претвора во механичка енергија, која го придвижува автомобилот. Како што ни е веќе познато, автомобилите се многу штетни за средината поради јаглеродниот моноксид, азотните оксиди, јаглероводородите, како и другите отровни соединенија кои се содржат во издувните гасови.

За да се заштити средината, секој модерен автомобил е опремен со автомобилски катализатор, кој ги претвора издувните гасови во нетоксична вода, азот и јаглероден диоксид. Принципот на работа на овој катализатор се заснова на каталитичка реакција, која се одвива на површината на благородни метали, имено паладиум, платина и родиум.

car

Од една страна, овој катализатор е особено важен за да се заштити средината од загадување, но од друга страна има опасен недостаток кој во иднина може да создаде уште повеќе проблеми.

Од катализаторот, преку протокот на гас може да протечат и честички на металите, што би довело до загадување на атмосферата, почвата и површинските води. Така, секој модерен автомобил со ваков катализатор може да ослободува тешки токсични метали при возењето – факт кој во моментов се потценува.

Новото истражување е спроведено од страна на средношколецот Глеб Рукович, под надзор на докторантот Валентин Анаников при Институтот Зелински во Москва и покажува дека контактот со вода го олеснува соединувањето на солите на паладиум и платина во различни групи – хемиски видови кои содржат повеќе од еден атом на метал. Ова е важно откритие бидејќи токсичноста на групите може значително да ја надмине токсичноста на едноставните соли. Затоа, опасноста од загадување на средината со тешки метали треба да стане една од најважните теми во денешницата.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.