Во предходни истражувања исто така гените на биолошки клетки беа трнасформирани да складират информации, но тие можеа да складираат само дигитални информации што значи дека можеа да забележат само дали одреден настан се случил или не (логичка 1 и 0 ).
Сега, инженерите од „MIT“ создале жив систем за складирање на аналогна меморија, кој може да открие колку јако било одредено влијание во средината или колку долго тоа траело. Замислете да имате ваков систем во бактерија што живее во вашите црева или во бактерија од надворешната средина. Можете да го оставите таму со денови па дури и месеци и потоа да се вратите да видите што таму се случувало на квантитативно ниво. Вака складираната меморија трае во текот на целиот живот на бактериската популација и се пренесува од генерација на генерација.Тие предвидуваат дека ваквата меморија која е стабилна и лесно се брише и повторно се обновува, може да се користи за различни цели, како на пр. сензори за животната средина или при медицински иследувања.
Ваквите биолошки сензори можат да се користат и во заштитата на животната средина бидејќи можат да послужат за следење, на пример на нивото на јаглероден диоксид, киселоста или загадувањето во океаните. Потенцијално, бактеријата би можела да биде дизајнирана да живее во човечки црева и да врши мониторинг на внесот на храна – колку шекери или масти се конзумираат или да го детектира воспалението кај болестите на цревата.
Трансформираните бактерии би можеле исто така да се користат како „биолошки компјутери“, а особено би биле корисни во пресметките каде што се потребни многу паралелни процесирања. Друга можна примена е да се трансформираат мозочни клетки кај живи животни, или човечки клетки во лабораториски услови што ќе им овозможи на истражувачите да можат да следат дали се појавува некоја болест или дали некој неврон е активен во одредено време.
Ако оваа технологија во скоро време стигне до глобалните пазари со сигурност можеме да тврдиме дека ќе донесе нови револуционерни решенија како во науката така и во економијата.
Истражувањето е опишано во списанието „Science“ .