Бактерија која го разградува нуклеарниот отпад

Во априлското издание на „PLoS“ , истражувачите објаснуваат како една бактерија пронајдена во стар рудник за обработка на ураниум во Колорадо, може да ги зароби радиоактивните елементи што истекуваат во почвата и ја загадуваат водата.

Клучниот елемент, објаснуваат истражувачите, е тоа што овoј вид на бактерија може да користи или кислород или ураниум за хемиските реaкции потребни за обезбедување енергија за живот.  За неколку видови на бактерии во почвата се смета дека имаат потенцијал да го исчистат и стабилизираат нуклеарниот отпад, но ова е прв пат научниците да откријат бактерија која фактички „диши“ ураниум и го прави неактивен. Кога бактериите реагираат со соединенијата на ураниумот во подземните води, ураниумот не може да се раствори во подземните води, па затоа не може да ја загади и водата за пиење што доаѓа на површината.

Бактериите што користат ураниум се ретки. Повеќето бактерии кои се способни да го сторат  тоа не можат да користат кислород, туку повеќе користат состојки на база на метал – обично форми на цврсто железо. Истражувачите и порано забележале намалување на концентрацијата на ураниум во подземните води, кога се активни бактериите што користат железо, но се’ уште треба да се докаже дека овие бактерии директно го „вдишуваат“ ураниумот.

Експертите се прилично оптимистични дека ова откритие може да најде примена насекаде во светот. Многу оружје содржи осиромашен ураниум, така што местата кои се соочуваат со војни, како Блискиот Исток, може да бидат изложени на високи нивоа на ураниум во подземните води.

Истражувањето е дел од програмата на  Министерството за енергетика на САД , што треба да утврди дали микроорганизмите можат да го заробат ураниумот и да го исчистат нуклеарниот отпад.

Поддржете ја нашата работа: