Научниците ја откриле бактеријата „Halanaerobium hydrogeninformans“ во Соуп Лејк, Вашингтон. Таа може да произведува водорот и во солена и базна средина, во количини кои им парираат на генетски модифицираните организми.
Научниците сосема случајно ја пронашле оваа бактерија, додека барале бактерии кои можат да помогнат да се исчисти животната средина, односно додека барале екстремофили (extremophiles) во Соуп Лејк. Екстремофили се организми кои живеат во услови на екстремна температура, киселост, базност или хемиска концентрација.
Живеејќи во таква средина, „Halanaerobium hydrogeninformans“ има метаболички способности при услови какви што се јавуваат во некои контаминирани области.
Овој вид на бактерија може да произведува водород и 1,3 пропандиол, кој може да се формулира во индустриските производи како лепила, ламинати, лакови, а може да се користи и како антифриз.
Оваа бактерија, која масовно се произведува на индустриско ниво, може да претставува решение за производството на водорот, кој се очекува да ја замени нафтата, иако тоа најверојатно нема да се случи во блиска иднина.
Д-р Мелани Мормајл, професор по биологија на Универзитетот, која заедно со својот тим ја открила бактеријата, си ја патентирала својата работа и во моментов е достапна за лиценцирање преку научно-технолошкиот центар за трансфер на технологија и економски развој во Мисури.
Наодите се објавени во „Frontiers in Microbiology“.