Во статијата обjавена во списанието „Nanotechnology“, во кратки црти е опишан процесот на трансформација на употребените филтри од цигарите, кои главно се составени од влакна на целулоза-ацетат, кој се смета за токсичен и претставува опасност за животната средина.
Нашата студија покажува дека филтрите од цигарите можат да се трансформираат во материја на база на јаглерод во многу едноставен процес , истовремено обезбедувајќи еколошко решение за потребите на општеството од енергија-вели професорот и автор на студијата, Јонг Хаион Џи.
Краен резултат од ова е т.н. „supercapacitor“ кој складира повеќе енергија, се полни побрзо и трае подолго од која било досега достапна алтернатива.
Јаглеродот како материјал кој ќе се користи во „supercapacitor“ доста ветува со оглед на тоа дека е ефтин, високо порозен, стабилен и има голема спроводливост, се додава на крајот од статијата.
Според одредени Асоцијации за борба против пушењето , отпушоците се најчестиот отпаден материјал ширум светот , кој се фрла по принципот „ кој кај стигне „ и создаваат 765 000 тони ѓубре годишно.