Научниците од Универзитетот во Сасекс, во својата студија откриле неколку начини на кои градовите можат да се одбранат од глобалното затоплување. Доколку таму, се заменат темните покривите на зградите и тротоарите со бела боја, и се засадат повеќе растителни стебла, температурата може да се намали за 2°.
Студијата е објавена во списанието Nature Climate, и во неа научниците предупредуваат дека градовите ќе сносат големи последици поради глобалното затоплување, бидејќи во нив температурата на воздухот е поголема од селските области или областите покрај море.
До зголемување на температурата на воздухот доаѓа поради тоа што темните површини, како што се бетонот и асфалтот апсорбираат топлина. Топлината пак, не доаѓа само од сонцето, туку ја создаваат и автомобилите. Површините со бела боја имаат спротивен ефект. Тие ја одбиваат топлината.
Еден од авторите на студијата, Проф. Д-р. Ричард Тол вели: “Освен климатските промени постои и локална промена. Градовите се потопли од селските области. Околу 60% од негативните ефекти од климатските промени ќе се почувствуваат во градовите.”
Иако градовите заземаат само 1% од површината на Земјата, тие трошат околу 80% произведена енергија, и во нив живее половина од светската популација.
Тол смета дека големите градови можат да направат многу нешта за да ја намалат топлината. Како позитивен пример ги наведува Грција и Шпанија, во кои поголемиот дел од живеалиштата се обоени со бела боја. Во Англија пак, повеќето покриви се со темна боја, а Лондон е за 4° потопол од неговата околина.
Доколку само 20% од покривите и тротоарите се обојат со бела боја, ќе се намали трошокот за борба против затоплувањето за цели 12%, а самата температура ќе се намали за 2°.