Билдери и манекенки не „проаѓаат“ во село

Едно истражување покажа дека ваквата склоност не е последица на долгиот процес на општествена и сексуална селекција , туку дека е нова и се појавува во модерните урбани општества.

Тим од психолози , антрополози и биолози од Универзитетот Брунел во Лондон спровел анкета помеѓу 12 популациони групи ширум светот, од примитивни до највисоко развиени.

Во испитувањето учествувале 962 испитаници на кои им биле покажани сет од фотографии од двата пола , како и фотографии изменети со фотошоп. На сликите биле покажани пет различни етнички групи, а учесниците требало да одговорат кое лице е најпривлечно, а кое изгледа најмногу агресивно.

Изненадувачки, се покажало дека само кај луѓето од виско индустријализираните и урбаните средини владее мислењето дека само многу мажествените мажи и многу женствените жени се атрактивни.

Луѓето од  помалку развиените општестества најмногу го фаворизирале природниот изглед на лицето, а  понекогаш најмалку карактеристиките кои се „типично секси“.

Истражувањето, исто така покажало дека перцепцијата дека „набилданите“ мажи се поагресивни расте со урбанизацијата.

Овие податоци не ја поддржуваат теоријата дека нагласените сексуални особини биле важни во  општествената и сексуална селекција кај нашите предци.

Наклоноста кон типичните „секси-фаци“ е нов феномен карактеристичен за модерните средини.

Истражувачите истакнуваат дека веројатно и големиот број на непознати лица со кои луѓето секојдневно се среќаваат во големите густо населени средини, им пружа можност, а веројатно и мотив, да ја откријат суптилната врска помеѓу изгледот и однесувањето.

Еве само неколку локални примери во контекст на студијата:

 

{gallery}201-300/276{/gallery}

Поддржете ја нашата работа: