Биобaтерии во вид на тетоважа ја претвараат потта во енергија

 Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, осмислија  т.н. биобатерија во форма на привремена тетоважа.

Батеријата за својата работа ја користи млечната киселина која се наоѓа во потта.

Кога се зголемува потребата од енергија, како на пр. при физички напор, во телото започнува процес наречен гликолиза. Тоа во основа е процес  кој шекерите ги претвора во енергија што телото може да ја користи. Нус-продукт од овој процес е млечната киселина.

Биобатеријата содржи ензим кој ги „одзема електроните од млечната киселина“ кои ствараат електрична струја. Ензимот е втиснат во хартијата на тетоважата и целата лепенка е со големина од еден квадратен сантиметар, додека самите електроди се со големина од само два до три милиметри.

Ова претставува прв пример на епидермална електрохемиска батерија која користи биолошко гориво и во блиска иднина би можела да најде широка примена.

Досега произведеното количество енергија е слабо, околу 70 микровати на квадратен сантиметар кожа, но со понатамошно усовршување ,истрашувачите се надеваат дека биобатериите ќе овозможат напојување на помали електрични направи.

Една од можностите е вградување на биобатериите во облеката со што ќе се опфати поголема површина.

Доколку научниците ги направат биобатериите остварливи ,тие би понудиле повеќе предности во однос на конвенционалните батерии: побрзо се полнат, користат обновлив извор на енергија, а секако и не експлодираат и не содржат токсични материи.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt