Биолошки пејсмејкер

Се работи за експериментална техника, за која научниците се надеваат дека еден ден ќе стане моќна кардиолошка алатка за третирање на срцевите нарушувања.

Во моментов, хирурзите вградуваат електронски пејсмејкери чиј електрицитет гo стимулира срцeто на пациентот со негова блокада. Блокадата е нарушување на срцевиот ритам. Ако срцето чука бавно може да предизвика вртоглавица, замор, несвестица и во најлош случај, ненадејна смрт.

Но, електронските пејсмејкери имаат одредени недостатоци. Понекогаш тие се расипуваат. Исто така, кај пациентите повремено се развива инфекција и неопходно е отстранување на пејсмејкерот во рок од шест до осум недели и целиот процес е проследен со антибиотска терапија. Понекогаш, фетусите имаат срцева блокада, која може да резултира со раѓање на мртво дете.

Истражувачите на Институтот за срце Седарс-Синаи во Лос Анџелес, Калифорнија, имаат развиено „биолошка” терапија која еден ден може да ги замени пејсмејкерите. Научниците создадоа природен пејсмејкер во експериментите со свињи со дисфункција на синоатријалниот јазол, кој го регулира чукањето на срцето. Тие  создадоа безопасен вирус , кој го штити генот наречен „TBX18“.  Потоа го аплицираат во срцето.

„Генoт ’TBX18’ ги претвора обичните срцеви клетки, од кои постојат милијарди во човечкото срце, во специјализирани клетки на синоатријалниот јазол (ги има многу помалку) “, вели водечкиот истражувач Едвардо Марбан, директор на  институтот. „Во суштина, ние создаваме нов синоатријален јазол во еден дел од срцето каде што обичните клетки го шират импулсот, но не го создаваат “, рече Марбан

„TBX18“ учествува во развојот на синоатријалниот јазол на фетусот.

Во САД, се проценува дека 300.000 од пациентите годишно вградуваат пејсмејкери. Кај околу 2% од нив се развиваат инфекции. Примарната цел е овие лица да добијат генетска терапија.

Иако пејсмејкерите се исклучително корисни во третманот на срцеви нарушувања, од биолошката терапија се очекуваат повеќе бенефиции.

 

Поддржете ја нашата работа: