Оваа пресвртница за медицината е објавена на Меѓународна конференција за истражување во САД.
Технологијата за обработка на слики е развиена од страна на германскиот производител на висока технологија за оптички и индустриски мерења, “Zeiss®“, првично за скенирање дефекти на силикон.
Професорката Тејт ја користи полупроводничката технологија за истражување на остеопороза и остеоартритис.
Со користење на гугл алгоритми, професорката е во состојба да го зумира целиот организам до клеточно ниво, исто како што функционираат „Google Maps“. Зборуваме за намалување за кое досега беа потребни недели, а понекогаш и години за да се направи.
Нејзиниот тим, исто така, со врвни микротоми и МНР технологија, испитува како движењата и тежината влијаат на движењето на молекулите во зглобовите анализирајќи го односот помеѓу крвта, коските, лимфните садови и мускулите.
„За прв пат имаме можност да навлеземе во внатрешноста на телото, односно да видиме како клетките се хранат и на кој начин се сите поврзани. Ова може да ја отвори вратата за нови терапии и превенции“- вели Тејт.
Тејт е прва која го користи овој систем на луѓето. Таа склучи пионерско партнерство со клиниката Кливленд и Универзитетите Браун и Стенфорд со седиште во САД, како и „Zeiss“ и „Google“ кои ќе и помагаат во анализирањето на собраните податоци. Се работи за огромна количина на податоци.
Слични истражувања се во тек на Универзитетот Харвард и Хајделберг во Германија за мапирање на нервните патишта и врски во мозокот на глувците.
Тејт претстави неколку свои трудови за човечките колков и остеоартритис на состанокот на „Ортопедското истражувачко друштво“ во Лас Вегас.
Постојат бројни студии за молекуларниот транспорт во одредени ткива, но многу малку за размената помеѓу различните видови на ткиво, како што се ‘рскавицата и коските.
Тејт веќе ја покажа врската помеѓу молекуларниот транспорт преку крвта, мускулите и коските и статусот на болеста кај остеоартритични морски прасиња.
Се верува дека состојбата е резултат на дефект во клеточната комуникација. Разбирањето на молекуларното сигнализирање и сообраќајот помеѓу ткивата може да отклучи голем број на третмани, вклучувајќи физички терапии и превентивна вежби. Од клучно значење за оваа работа е развојот на микроскопијата, која овозможува лесно сликање на органите и ткивата на сите нивоа, од површинските сантиметри до нанометриски молекули.
Технологијата уште еднаш ја отвори вратата за фундаментални откритија.