Во едно ново истражување, објавено во „Environmental Science & Technology“, пластиката која била дизајнирана да се разгради, не се разградила побрзо од останатите конвенционални пластики.
Сузан Селке, Рафаел Арас и нивните колеги велат дека многу држави и локални влади усвоиле закони за да се справат со проблемот на пластичниот отпад, како на пр. забрана за употреба на пластични ќеси. Поголемиот дел од пластиката завршува во депониите каде што останува со децении, па дури и повеќе без да се разгради.
Сега, некои производители прават пластика со адитиви кои би требало да ја направат биоразградлива. Но, се’ уште не е јасно колку овој процес е ефикасен. Затоа, тимот на истражувачи на Селке и Арас испитувале пластика која содржи 5 различни соединенија кои би требало да го поттикнат нејзиното разградување. Тие сакале да видат дали овие адитиви функционираат на типичните услови во депониите.
Не откриле никакви докази дека адитивите ја поттикнуваат разградливоста на пластиката кога се наоѓала во симулирани услови како во депонија, ниту пак кога била закопана во земја во период од 3 години. Овие наоди би имале огромно влијание на потрошувачите и компаниите кои ги произведуваат, но пред се на животната средина, истакнуваат истражувачите.