Биткоинот во моментов има вредност од околу 9 000 американски долари, но таа варира од минута во минута, па затоа е тешко воопшто постојано да се известува за вредноста со точност. Затоа можеби е поинтересно да пишуваме за другите детали на оваа валута.
Имено, мрежата троши еднаква количина на електрична енергија како цела Ирска.
Поконкретно, биткоин мрежата троши 2,6 GWh енергија и со тоа се мери со земја од нешто помалку од 5 милиони жители. Експертот Alex de Vries го анализирал тоа и изнесе прогноза дека дневната потрошувачка ќе достигне до 7,7 GWh до крајот на оваа година, што изнесува 0,5% од вкупната светска потрошувачка.
Под знак прашалник е тоа колку прогнозите му се точни, бидејќи во декември, минатата година предвиде дека во 2018 година, биткоин мрежата ќе потроши 32 TWh електрична енергија, а во реалноста е блиску до 67 TWh. Исто така треба да се знае дека бројките се прилично шпекулативни поради природата на блокчејн технологијата која оневозможува прецизни пресметки.
Она што го знаеме е тоа колку една трансакција троши енергија и колку истата се обработува на дневно, неделно, месечно или годишно ниво., па така за една трансакција е потребно во просек околу 215 kWh електрична енергија. Знаејќи дека вопросек секојдневно се прават 300 000 трансакции, се доаѓа до оваа пресметка.
Како и да е, потрошувачката во иднина само ќе се зголеми, бидејќи се зголемува бројката на направени трансакции. Тоа воедно е и доказ дека луѓето не се откажаа од криптовалутите онолку колку што беше очекувано.
Биткоинот и другите криптовалути малку паднаа во последно време, но сеуште луѓето вложуваат. Додека критичарите објавуваа лоши вести, биткоинот и другите криптовалути се сеуште тука.