Блескавите пештери на Нов Зеланд

Длабоко под земја на Северниот Остров на Нов Зеланд, се наоѓаат кривулести пештери од варовник кои светат со магична сино-зелена светлина.

Иако изгледаат како илузија, овие пештери се многу реални. Нивната мрачна внатрешност ја оживуваат трепкавите колонии од светлечки црви.

Фотографот Џозеф Мајкл поминал безброј часови во овој подземен свет, документирајќи ги овие блескави пештери, за кои се проценува дека датираат од пред 30 милиони години.

 

Ове светкави црви претставуваат ларви од една мушичка што наликува на комарец (arachnocampa luminosa). Тие се наоѓаат само на Нов Зеланд и во источна Австралија. Австрлиските светат послабо и формираат помали групи.

1

2

Влажниот покривот на пештерите претставува одличен дом за овие ларви, кои често се поставени едни до други во групи од по стотина.

3

Светлината на ларвите им помага да привлечат храна – други инсекти.

4

Има многу други животни што се биолуминисцентни. Оваа особина, која им користи да се одбранат од предатори, да дојдат до храна, или да привлечат партнер, е толку корисна што еволуирала независно најмалку 40 пати.

Најголемиот број биолуминисцентни суштества живеат во морињата, каде нивниот сјај често е единствен извор на светлина.

5

Ако навлезе светлина во пештерата, ларвите стануваат невидливи за човечко око.

Инсектите се активни ноќе. Многу од набљудувачите своето искуство при посетата на пешерата ноќе го опишуваат слично како да се наоѓаат под ѕвездено небо во ведра ноќ.

6

Ако се почувстуваат загрозени – на пример ако се запали факел, ако почувствуваат чад или некој инсектицид, познато е дека тие ја гасат светлината, што обично трае 15-тина минути.  

7

Убавината на овие светлечки црви е минлива – тие живеат само додека се оплодат и ги положат јајцата.

Од јајцата се изведуваат ларви, а од нив возрасни мушички. Поголемиот дел од животот овие светлечки црви го поминуваат како ларви, обично помеѓу 6 и 12 месеци, во зависност од тоа колку храна имаат.

Ларвите се целите меки, освен капсулата на главата, а откако ќе достигнат одредена големина се митарат и ја отфрлаат кожата. Ова се случува повеќе пати во текот на нивниот животен циклус.

На крајот од фазата ларва, инсектите се претвораат во пупа и висат од покривот во вид на нишка, во период од една до две недели, при што наизменично светат. .Додека машките пупи постепено се затемнуваат, женските пупи постепено стануваат посветли.

8

Возрасните црви воопшто не летаат, па затоа често остануваат во истата геолошка зона, создавајќи колонии.

Женските светлечки црви положуваат приближно 130 јајца и умираат кратко време после тоа. Околу три недели подоцна, јајцата се изведуваат и циклусот се повторува.

9

Извор: „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: